Во време кога пазарот на труд е динамичен, а таленти сѐ повеќе, регрутацијата не смее да биде спора, ниту површна. Потребен е пристап што ќе ја комбинира технологијата и човечка експертиза. Во Thrivity, веруваме дека таа формула постои и ја применуваме секој ден: AI + експертиза за паметна регрутација што носи резултати.
Нашиот современ софтвер: Технологија што работи за вас
Најновите технолошки алатки се веќе дел од нашето секојдневие. Нашата иновативна платформа за автоматизирана селекција на кандидати овозможува:
- Да изградите профил на идеалниот кандидат;
- Автоматизирана анализа на биографии;
- Предселекција според однапред дефинирани критериуми;
- Брза споредба и рангирање на кандидати;
- Човечката вредност е незаменлива;
Во Thrivity веруваме дека AI е алатка но не и замена. Секој процес што го водиме е поддржан од нашиот искусен тим кој:
- Чита меѓу редови – не само податоци, туку вредности и потенцијал,
- Го разбира профилот на идеалниот кандидат и како тој се вклопува во вашата организациска култура,
- Донесува одлуки што не се само брзи, туку и стратешки,
- Стои зад секој кандидат и секоја препорака,
Затоа што добриот кандидат не е само CV – туку личност што ќе се развива и ќе придонесе долгорочно.
Софистицирани алатки се важни но вистинската вредност на Thrivity лежи во луѓето што стојат зад процесот. Нашиот тим од HR консултанти, со длабоко разбирање на пазарот на труд и индустриските специфики, ви помага:
Зошто Thrivity?
Затоа што знаеме дека времето е важно, но вистинските луѓе прават вистинската разлика.
Затоа што го познаваме пазарот на труд – но уште повеќе ги познаваме луѓето.
Затоа што технологијата работи за нас, а ние – за вас.