За нас

Ги спојуваме луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат

Кои сме ние?

Тим од професионалци посветени на споделување на своето знаење со цел да поттикнеме личен и професионален раст кај поединците со што заеднички ќе го подобриме процесот на барање работа и кандидати за работа.

Решенијата кои ги нудиме се базираат на длабинска анализа за разбирање на индивидуалните потреби и на луѓето кои бараат работа и на компаниите кои се во потрага по кадар.

МИСИЈА

Да создадеме услови за отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд.

ВИЗИЈА

Да бидеме првата опција за луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.

Вредности

Луѓето пред сè

Формална облека ≠ сериозност во работата

Социјално одговорни

Емпатија - вештина, талент, чувство

Баланс помеѓу приватниот живот и работата

Бизнисот е "маратон"

Без его трип

Поттикнување на иновативност и личен развој

Фокус на постојан и одржлив финансиски раст

Запознај го нашиот тим

Поли

Со повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик, во Јануари 2018 година го основав АПОД со цел да се фокусирам на нови искуства, и да го споделам своето знаење и стручност со други организации во регионот. Мојот фокус се Луѓето… Управување со Човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура…

Луѓето не се „средство“, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука мојата порака дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит.

Дејан

Неговото 18 годишно работно искуство доаѓа од работа во странски и локални компании од кои најдолго во Wrigley и Mars. Секогаш фокусиран на луѓето, силно верува дека само со вистинските луѓе на вистинско место се доаѓа до успешни бизнис резултати.

Последниве 15 години поле на интерес му е пренесување на неговите знаења и искуства преку развојни програми на темите: бизнис планирање, развој на продажни тимови, коучинг, преговарање, лидерство, управување со таленти итн…

Можноста да се приклучи на тимот на ТРИВИТИ за него отвара нови професионални и животни хоризонти и претставува предизвик стекнатите способности и компетенции понатаму да ги стави во функција на развојот на луѓето како најважна алка во бизнисот.

Бранко

Врската на Бранко со Тривити датира уште од самиот почеток и покрај тоа што во почетна фаза неговата инволвираност во работењето беше сведена на минимум. Со големо искуство зад себе стекнато преку раководење со неколку компании од различни области, на почетокот на 2021 Бранко зема поголема улога во работењето на компанијата.

Доаѓа на позиција ЦОО и станува движечка сила на продажниот тим на Тривити. Знае да биде одличен мотиватор познат по својата упорност и креативност во премостување на сите препреки кои се појавуваат на патот кон успешна продажба. Таму каде што повеќето гледаат проблем, Бранко гледа предизвик.

Кога не е на работа или на состанок со клиенти, ужива во возење велосипед, готвење и возење мотор по балканските патишта.

Марија

Во нејзиното претходно 10-годишно работно искуство од областа на бизнис и претприемништво, Марија има можност одблизу да се запознае со начинот на водење на бизнисите на голем број македонски и странски компании.

Инспирирана од предизвиците со кои се соочуваат мноштвото компании во областа на управување со човечки капитал, како и од желбата да работи на можни решенија за истите, од јули 2019 станува дел од тимот на ТРИВИТИ и ја следи мисијата за креирање на отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд.

Лично верува дека луѓето го прават бизнисот, па оттука се залага за поддршка и развој на луѓето кои бараат работа, како и компаниите кои вработуваат.

Симона

Со доаѓањето во тимот на ТРИВИТИ, Симона добива можност да го примени своето претходно стекнато искуство во административното работење на компанијата, организирање и координирање на работните процеси помеѓу тимовите и поддршка на секторот човечки ресурси.

Примената на досегашното стекнато знаење, како и можноста да се надградува и специјализира во сегментот на човечките ресурси како координатор, е одлична шанса да ги спои искуството и новите сознанија, со цел да помогне во растот и развојот компанијата.

Симона е дел од работната атмосфера на компанијата каде секојдневно се учи и се инвестира во развојот на вработените, што претставува предност, но и клучна вредност која ја споделува со корисниците, соработниците и колегите.

Марија

Интересот за општествените науки и желбата постојано да го надоградува своето знаење ја доведе Марија до магистратура од областа на Менаџмент на човечки ресурси, со особен интерес на развој на луѓето и градење кариера во компаниите.

Силно верува во култура  на континуирано учење и вложување на време и труд во личен и професионален развој. Во тимот на THRIVITY се приклучува во март 2020г, каде дел од работните обврски и одговорности кои ги има се поврзани со Центарот за поддршка и комуникација со корисниците.

Во слободно време ужива во нејзината цветна тераса со кафе и книга.

Семејството е нејзиното најсигурно место од каде ја црпи енергијата и ги подобрува вештините за планирање, организирање и справување со повеќе обврски истовремено.

Јанко

Повеќе од 20 години како дел од угостителскиот сектор има можност да работи со тимови составени и од повеќе од 15 луѓе. Иако без формално образование од областа на човечкиот капитал, работата со луѓе станува негово секојдневие и некако природно се наметна транзицијата од „шанк“ во тимот на THRIVITY.

Неколкугодишното искуство од областа на маркетинг на социјалните медиуми, стекнато во паузите од угостителската работа го сместува на позицијата координатор за маркетинг активности каде во тесна врска со маркетинг агенцијата се обидува на наједноставен и разбирлив начин да ја доближи приказната на Тривити до луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.

Фросина

Фросина станува дел од тимот на Тривити во втората половина од 2023 година, носејќи со себе приближно 10 години искуство на маркетинг позиции во различни индустрии.

Имате некакви прашања?

Активатор

Тривити Активатор е прирачник за личен и професионален развој кој се роди како резултат на нашето долгогодишно практично искуство во полето на развој на потенцијалите, како и желбата да промовираме култура на доживотно учење кај поединците, организациите и во општеството. Овој прирачник им го препорачуваме на сите кои веруваат во сопствениот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг.

Нарачај тука