Колку ве чини една празна позиција? Стратешки HR инсајти за CEO и лидери

Колку чини една празна позиција?

Во време на економска неизвесност, притисоци за ефикасност и зголемена конкуренција, токму луѓето стануваат највредниот ресурс во секоја компанија. Но, клучното прашање е: имате ли ги вистинските луѓе на вистинското место, навреме?

Во разговори со десетици директори, основачи и HR професионалци, забележавме една заедничка болка:

Регрутацијата се третира како административна обврска, а не како стратешка одлука.

Резултатот? Преоптоварени тимови, скапи грешки при вработување и изгубени месеци во чекање на „идеален“ кандидат.

Во овој блог ви носиме 8 кратки, но моќни HR инсајти, поткрепени со истражувања и податоци од Gallup, Harvard Business Review, Glassdoor, LeadershipIQ и SHRM – кои можат да направат суштинска разлика во вашата организација.


Колку чини празна позиција?

Според Society for Human Resource Management (SHRM), една празна позиција ја чини компанијата просечно 500 долари дневно, кога ќе се земат предвид:

  • Изгубена продуктивност
  • Прераспределба на обврски
  • Стрес кај останатиот тим
  • Доцнење на проекти

Празните позиции имаат невидлива цена што секојдневно расте. Одложената регрутација чини, дури и кога не ја гледате веднаш во бројки.

Во Thrivity, работиме на мапирање на критични улоги,  ги пополнуваме со ефикасност, прецизност и професионалност.


1. Зошто најдобрите кандидати ја одбиваат вашата понуда?

Истражување на Glassdoor покажува дека 52% од кандидатите ја одбиваат понудата поради бавен или неструктуриран процес.

Недостаток на фидбек, неодредени очекувања и долги паузи меѓу фазите, сето тоа испраќа негативен сигнал. Во ера на трансапрентност и брзина, добриот кандидат очекува одлучен, прецизен и професионален процес.

Thrivity во просек го скратува времето на вработување за 30%, без компромис на квалитетот на кандидатот. Нашиот процес на регрутирање е структуриран, но флексибилен, за да импресионира, не да фрустрира.


2. Трендови што не смеат да се игнорираат

Пазарот на трудот веќе се менува, а овие трендови стануваат новата реалност:

  • Skills over titles: Компании како Google и Tesla веќе не бараат дипломи, туку реални вештини.
  • Културен fit пред CV: 89% од неуспешните вработувања се резултат на несоодветна културна усогласеност. (LeadershipIQ)
  • AI и recruitment tech: Компаниите што користат технологија за регрутација имаат пократко време до вработување и повисок квалитет на одлука.

Thrivity применува технологија, но ја задржува човечката интелигенција.

Нудиме решенија што се базираат на реална анализа, не на интуиција.


3. Задржување на луѓето е новото регрутирање

Според Gallup, 75% од причините поради кои вработените заминуваат се поврзани со фактори што компанијата може да ги контролира, како:

  • Недостаток на фидбек
  • Слабо лидерство
  • Недостаток на визија или поврзаност со неа

Регрутацијата е само влезната врата, вистинската стратегија започнува по првиот ден на работа. Затоа Thrivity нуди поддршка и во фазите по вработување, преку советување за задржување, онбординг и културен alignment.


4. Вработување засновано на податоци, не на претчувства

Harvard Business Review потврдува: структурирани интервјуа носат двојно поголема точност во изборот на успешен кандидат, во споредба со неструктурирани интервјуа.

Интуицијата има улога, но не е доволна. Во Thrivity, применуваме:

  • Објективна селекција
  • Прецизни рокови
  • Најдобар fit

Овие методи носат голема сериозност, проефсионалност и стабилност.


5. Прегорени тимови се скриен ризик

Кога тимот работи над капацитет, но нема време да се жали,  ризикот расте тивко. Последиците се:

  • Зголемен број грешки
  • Пад во моралот
  • Одлив на таленти

Во Thrivity помагаме да изградите одржливи тимови, не само пополнети работни места. Нашите решенија се базирани на реално темпо и вистински организациски менаџмент.


6. Неуспешните вработувања оставаат длабоки траги

Според LeadershipIQ, 46% од новите вработувања не успеваат во првите 18 месеци.
И тоа не е само трошок – туку:

  • изгубена доверба кај менаџментот
  • Демотивирани тимови
  • Отпор кон следната регрутација

Тhrivity комбинира културен fit, брзина и структурирана селекција,  ја минимизираме веројатноста за неуспех.


Заклучок: Мали совети, големо влијание

Најдобрите одлуки понекогаш не доаѓаат од големите PowerPoint презентации, туку од точен совет во вистински момент.

Ако сакате да направите регрутација што е дел од вашата деловна стратегија, контактирајте нѐ
https://thrivity.com.mk/kontakt/

Кои ќе бидат најбараните професии на европскиот пазар до 2030 година?

Европа, како еден од најдинамичните економски региони, се соочува со забрзани промени на пазарот на трудот. Вештачката интелигенција, демографските промени и дигиталната трансформација ја редефинираат иднината на многу работните места.

Според истражувањава Европската комисија и Светскиот економски форум, до 2030 година ќе има значителна побарувачка за нови вештини и работни позиции кои не постоеја пред една деценија.

Најбрзорастечки и најбарани професии во Европа до 2030 година

Според анализа на Eurostat, CEDEFOP и LinkedIn Europe, европскиот пазар на труд ќе доминира од професии поврзани со технологија, дигитална трансформација, зелена енергија и грижа за населението. Подолу е прикажан преглед на најбараните професии кои ќе бележат значителен раст до 2030 година:

  • Data Analysts и Big Data специјалисти. – побарувачката е веќе зголемена за +45% во 2024 година.
  • AI / Machine Learning инженери –    Европа интензивно инвестира во развој на сопствена вештачка интелигенција – особено во Германија, Франција и Холандија.
  • Специјалисти за сајбер-безбедност – се очекува недостиг од над 350.000 професионалци до 2030 година во ЕУ поради зголемените сајбер закани и дигитализација.
  • Инженери за обновлива енергија –  зелената агенда на ЕУ ја поттикнува побарувачката за експерти во соларна, ветерна и електро-енергетска технологија.
  • UX/UI дизајнери и дигитални креативци – компаниите во ЕУ сè повеќе инвестираат во корисничко искуство, пристапност и дигитален дизајн.
  • Специјалисти за дигитална продажба (e-commerce, growth hackers) – Е-трговијата во Европа расте со над 30% годишно, што ја зголемува побарувачката за дигитални маркетери и продажни стратези.
  • Здравствени технолози и кадар за грижа за стари лица – Демографскиот тренд на стареење создава значителна потреба за медицински персонал и професионалци за долгорочна грижа.

Најплатени професии во Европа до 2030

Освен најбараните, некои работни позиции ќе станат и најплатени, според извештаите на Glassdoor Europe и Hays Salary Guide:

  • AI / Machine Learning Engineers – €80.000 до €150.000 годишно
  • Cybersecurity Experts – €70.000 до €130.000
  • Cloud Architects / DevOps Engineers – €75.000 до €140.000
  • Data Scientists – €65.000 до €120.000

Во Македонија, пазарот на труд сè повеќе се прилагодува на глобалните трендови, но сепак постојат и локални специфики. Според анализи на Агенцијата за вработување и податоци од водечките платформи за огласи, најбараните професии моментално се: ИТ специјалисти (особено software developers и системски администратори), комерцијалисти и продажни агенти, машински и електроинженери, возачи и дистрибутери, како и работници во производство и складишта. Дополнително, расте побарувачката за медицински персонал, градежни работници и техничари, но и стручни лица за човечки ресурси и маркетинг. Ова покажува дека македонскиот пазар сè повеќе ја цени техничката стручност, но и луѓето со комерцијални и комуникациски вештини.

Што значи ова за македонските професионалци и компании?

Иако Македонија не е дел од ЕУ, трендовите на пазарот директно нè засегаат, особено поради миграцијата, регионалните економски иницијативи (како Open Balkan), IPA фондовите, но и растот на nearshoring партнерствата со компании од Западна Европа.

➡️ Компаниите треба да инвестираат во преквалификација, tech-upskilling и стратешко регрутирање.

➡️ Професионалците треба да ги следат овие трендови и навреме да се адаптираат

Што прават паметните компании додека пазарот мирува?

Искуството и експертизата на Thrivity Recruitment Agency

Во летните месеци, кога вработените користат годишни одмори, а деловните одлуки се одложуваат за „по одмор“, многу компании избираат да стагнираат. Но не и паметните.

Токму во вакви периоди на пазарна инертност, најстратешките компании ја користат тишината за да создадат предност. И токму тогаш, ние во Thrivity Recruitment Agency сме најангажирани.

Еве што прават компаниите што размислуваат долгорочно:

1. Размислуваат стратешки за нови позиции, однапред, не и во последен момент.

Компаниите со јасна визија за иднината не чекаат да „загори“, туку навремено подготвуваат план за раст. Тие:

  • Прават листа на приоритетни позиции за Q4 и 2026
  • Градат employer branding стратегија
  • Соработуваат со партнери како Thrivity, за да имаат пристап до „скриениот“ пазар на труд.

Зошто?

Затоа што најдобрите кандидати не аплицираат секој ден, но добрата понуда секогаш ќе сакаат да ја слушнат.

2. Ја користат летната пауза за внатрешна евалуација

Овој период е идеален за:

  • Анализа на постојниот тим
  • Идентификување на лидерски потенцијали
  • Потреба од проширување на тимот / нов вработен
  • Подготовка за нови проекти и нови вработувања

Како помагаме ние?

  • Советување за организациска структура
  • Планирање на вработувања според нивните стратешки цели

Во Thrivity веруваме во стратегиско партнерство, не само во извршување на задачи. Затоа работиме со компании кои сакаат долгорочен успех, а не само „пополнување на позиција“.

Зошто е важно да се дејствува токму сега?

Компаниите кои се проактивни во „тивкиот“ период се првите што:

✅ Ги вработуваат најдобрите

✅ Ја оптимизираат својата структура

✅ Влегуваат во новата деловна сезона подготвени и ефикасни

А тие што чекаат… ќе треба да се снаоѓаат во пазар каде што другите веќе направиле прв чекор.

Зошто Thrivity?

Тим од искусни консултанти за човечки капитал и експерти за регрутација, посветени на точно детектирање на вашите потреби и поврзување со таленти што се соодветни не само за работната позиција – туку и за вашата организациска култура.

  • Искуство со компании од различни индустрии
  • Дискретен, стратегиски и ефективен пристап
  • Работиме како партнери, не како „испорачувачи на кандидати“

Ако размислуваш за раст, реструктурирање или градење на тим, започни со партнер што вистински го разбира пазарот на трудот.

🔗 Разгледај ги нашите услуги: www.thrivity.com.mk/kompanii или контактирај нè директно да видиме што можеме да направиме за твојата компанија. 🙂

Дали постои совршен регрутациски процес?

Што сакаат компаниите?

Компаниите сакаат „идеален“ процес што брзо и прецизно ќе донесе резултати. Кандидатите сакаат транспарентност, почит и искреност. А ние, регрутерите, сме некаде на средина, балансираме, насочуваме и градиме партнерства.

Но… дали навистина постои совршен регрутациски процес?

Совршениот процес можеби не постои, но постојат бројни практични пристапи што овозможуваат соработка и усогласување на двете страни.

Совршенството во регрутација не е само во тоа колку фази има процесот, туку како тие фази водат до вистински резултат. Ние во Тривити веруваме дека добрата регрутација е комбинација од брзина и квалитет, затоа што и компаниите и кандидатите очекуваат ефикасен но и темелен пристап. За нас, успехот се мери со тоа колку прецизно поврзуваме, колку добро се вклопува новиот човек во тимот и дали заедничката визија ќе продолжи да расте и по првиот работен ден.

Па, што го прави еден регрутациски процес „добар“?

  • ✅ Јасност од старт – кога и клиентот и кандидатот знаат што бараат и што нудат;
  • ✅ Човечки пристап – не само CV, туку вредности, култура, комуникација, кариерен развој;
  • ✅ Флексибилност – затоа што не постои „перфекција“;
  • ✅ Транспарентност – и кон кандидатите, и кон компаниите;
  • ✅ Брзина, но не по цена на квалитетот;

А што правиме ние во Thrivity?

Ние не продаваме илузии. Ние не бркаме „совршенство“.

Ние ги бараме вистинските луѓе со знање, вештини и потенцијал за вистински компании.

Нашите процеси се живи, динамични и секогаш, ама баш секогаш, се флексибилни и прилагодени за двете страни. Некогаш тоа значи неколку средби, размена на идеи, мислења и ставови филтрирани низ содржината на бизнис симулации и конкретни прашања од реални примери.  Другпат е доволен само еден разговор за да сфатиш дека тоа е ТОЈ човек.

Во суштина, секој „совршен процес“ е уникатна приказна  а ние сме тука да ја пишуваме заедно.

За крај…

Ако се прашувате дали вашиот следен регрутациски процес може да биде успешен одговорот е ДА.

Не затоа што ќе биде совршен според книга. Туку затоа што ќе биде совршен за вас како компанија.

AI + Експертиза: Тајната Формула на Thrivity за Совршен Регрутациски Процес

Во време кога пазарот на труд е динамичен, а таленти сѐ повеќе, регрутацијата не смее да биде спора, ниту површна. Потребен е пристап што ќе ја комбинира технологијата и човечка експертиза. Во Thrivity, веруваме дека таа формула постои и ја применуваме секој ден: AI + експертиза за паметна регрутација што носи резултати.

Нашиот современ софтвер: Технологија што работи за вас

Најновите технолошки алатки се веќе дел од нашето секојдневие. Нашата иновативна платформа за автоматизирана селекција на кандидати овозможува:

  • Да изградите профил на идеалниот кандидат;
  • Автоматизирана анализа на биографии;
  • Предселекција според однапред дефинирани критериуми;
  • Брза споредба и рангирање на кандидати;
  • Човечката вредност е незаменлива;

Во Thrivity веруваме дека AI е алатка но не и замена. Секој процес што го водиме е поддржан од нашиот искусен тим кој:

  • Чита меѓу редови – не само податоци, туку вредности и потенцијал,
  • Го разбира профилот на идеалниот кандидат и како тој се вклопува во вашата организациска култура,
  • Донесува одлуки што не се само брзи, туку и стратешки,
  • Стои зад секој кандидат и секоја препорака,

Затоа што добриот кандидат не е само CV – туку личност што ќе се развива и ќе придонесе долгорочно.

Софистицирани алатки се важни но вистинската вредност на Thrivity лежи во луѓето што стојат зад процесот. Нашиот тим од HR консултанти, со длабоко разбирање на пазарот на труд и индустриските специфики, ви помага:

Зошто Thrivity?

Затоа што знаеме дека времето е важно, но вистинските луѓе прават вистинската разлика.

Затоа што го познаваме пазарот на труд – но уште повеќе ги познаваме луѓето.

Затоа што технологијата работи за нас, а ние – за вас.

Thrivity на DisruptHR Skopje: Спонзори на настан каде иновациите и луѓето се спојуваат за да бидат гласови на промената во HR професијата во Македонија.

На 22 мај, Thrivity Recruitment Agency го поддржа DisruptHR Skopje 2025 – еден од најиновативните настани во Македонија посветен на модерното HR лидерство и трансформацијата на улогата на човечките ресурси.

Настанот собра над 260 HR професионалци, менаџери и визионерски лидери со иста цел – инспирација и промена во HR светот. Како спонзор, Thrivity имаше јасна мисија: да го поддржи растот и развојот на HR професијата.

DisruptHR Skopje: Повеќе од HR Конференција

DisruptHR Skopje не беше само уште една HR конференција – беше движење што инспирираше и создаде вредни поврзувања. Со брзи и инспиративни говори, учесниците добија нови перспективи и мотивација да продолжат да бидат лидери на промените во своите организации.

Thrivity верува дека луѓето се најголемиот капитал на секоја компанија. Поддршката на DisruptHR како премиум партнер е природен чекор – затоа што го разбираме критичното значење на HR улогата во создавање на одржливи, силни и иновативни работни средини.

Благодарност до HR Заедницата и Организаторите на настанот

Огромна благодарност до тимот зад DisruptHR Skopje за беспрекорната организација.

Но најголемата благодарност оди до сите HR лидери, специјалисти и менаџери што нè посетија, се поврзаа со нас и ја делат нашата визија – дека луѓето се срцето на секој бизнис успех.

Thrivity: Вашиот Партнер за HR Инспирација и Развој

Thrivity останува посветен на својата мисија – да поддржува HR професионалци, да создава можности за кариерен развој и да помага на компаниите да изградат посилни тимови преку стратегиско регрутирање и HR консалтинг.

Се гледаме повторно – со нова енергија, свежи перспективи и уште поголема посветеност кон развојот на хуманиот капитал.

Регрутација – Како Thrivity ви помага да го најдете вистинскиот кадар

Во денешниот компетитивен пазар на труд, регрутација претставува еден од клучните процеси за вработување за секоја успешна компанија. Без правилен избор на таленти, и најдобрите стратегии можат да паднат во вода. Токму затоа, Thrivity Recruitment Agency постои – да им помогне на компаниите да го пронајдат вистинскиот човек зад секоја позиција.

Што е регрутација?

Регрутација е процес на идентификување, привлекување и избор на квалификувани кандидати за конкретна работна позиција. Овој процес вклучува неколку чекори:

  • Дефинирање на потребите на клиентот
  • Креирање на профил на идеален кандидат
  • Активна потрага по таленти (headhunting)
  • Прелиминарен скрининг и интервјуа
  • Финален избор и препорака до клиентот

Но регрутацијата не е само процес – таа е уметност и стратегија која бара длабоко разбирање на пазарот на труд, на корпоративната култура и на човечката психологија.

Зошто Thrivity?

Нашиот пристап е индивидуализиран, стратешки и фокусиран на резултат. Имаме долгогодишно искуство во регрутација и селекција на кадар за компании од различни индустрии.

Нашиот процес на регрутација вклучува:

• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација;
• Вработување во оптимален рок;
• Заштеда на време и ресурси;
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно;
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding;
• Дискретност и доверливост во водење на процесите;

Ние сме вашиот партнер.

Регрутација како инвестиција

Многу компании регрутацијата ја гледаат како трошок, но вистинската регрутација е инвестиција во иднината. Со правилен избор на кандидат, компанијата добива:

  • Поголема продуктивност
  • Подобра организациска култура
  • Помала флуктуација на вработени
  • Подобра репутација на работодавачот

Затоа нашата мисија во Thrivity е да помогнеме во градење на одржливи тимови и успешни организации.

Како да започнеме?

Доколку сте компанија која има отворена работна позиција, или пак сакате да го унапредите вашиот процес на селекција, контактирајте нè денес. Нашиот тим ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот кандидат – брзо, професионално и ефикасно.

Со родова рамноправност до зголемена продуктивност и иновативност во компаниите

Kорпоративниот свет го обликуваат промени и тој полека добива нов лик. Податоците од почетокот на 2025 година ни даваат јасна слика за напредокот, но и за предизвиците кои нé очекуваат на патот кон еднакви деловни можности за сите бидејќи еднаквата родова застапеност, станува еден од предусловите за успех.

Во САД, само 10% од 500-те најуспешни компании се водени од жени. Во Европа, иако 60% од дипломираните студенти се жени, само 37% од нив стигнуваат до менаџерски позиции. Во Македонија, во академската 2022/2023 година, 57,5% од запишаните студенти – или 30.969 – биле жени. Според истражувањата на невладината организација  Реaктор, 59%  од дипломираните студенти се жени, исто толкав процент се магистри на науки, 57% доктори на науки но, 75% од работодавците се мажи. Во Македонија, најизразен е јазот во здравствениот сектор каде жените земаат 40% помала плата од своите машки колеги.

Според истражувањата на Gartner (реномирана истражувачка и консултантска компанија од САД), хибридните и флексибилните работни модели се веќе доминантни во водечките корпорации. Токму овие промени го отвораат патот за поголемо учество на жените во бизнисот, овозможувајќи им подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Трендови за родова рамноправност што ги следиме во 2025

Во Тривити, секојдневно работиме со компании од регионот кои ги прифаќаат овие позитивни промени. Нивна мотивација се политиките на водечките глобални компании.

Родово – сензитивни политики и флексибилност

Еден од позитивните примери е Spotify: нивната одлука за одобрување шест месеци платено породилно отсуство (независно дали е таткото или мајката) уште во 2015 година беше изненадување за многумина. Со текот на годините стана дел од идентитетот на компанијата и позитивно го позиционираше брендот на глобално ниво. Неколку години подоцна, во 2021, Spotify воведе и Work From Anywhere политика со која вработените имаат право на флексибилнос на работното време и локација. Работата од дома и прилагодливите распореди стануваат клучни за привлекување и задржување на таленти – особено жени.

Поддршка за лидерски развој на жени

Гигантите Google и IBM претставија посебни програми за лидерски развој на жени кои вклучуваат поддршка со менторство, обуки, мрежно поврзување, флексибилност и можности за видливост, прилагодени за технички и лидерски раст.

Еднаква плата и можности

Adobe успеа да воспостави систем на еднаквост на платите (без разлика на полот) уште во 2018 – доказ дека овој систем може да се спроведе. Неколку години подоцна, IKEA се обврза и успеа да оствари 50% застапеност на жените на лидерските позиции.

Goldman Sachs ја започна иницијативата „10,000 Women“ уште во 2008 година, со цел охрабрување и поддршка на жените претприемачи ширум светот, особено во земјите во развој. Инцијативата охрабрува и подржува: раст на бизниси водени од жени, програми кои им помагаат на жените да ги развијат своите мали или средни бизниси, кои често се соочуваат со пречки како недостаток на капитал, знаење, економска независност и сл.

Thrivity на бранот на родова еднаквост 

Родовата еднаквост не е само етичко прашање, како што често се врамува, таа претставува и бизнис предност. Истражувањата покажуваат дека разновидните тимови се поиновативни и попродуктивни, а ние им помагаме на компаниите да го разберат и имплементираат тоа.

Преку нашиот холистички пристап кон регрутирање и бизнис развој, ги поврзуваме компаниите со таленти и создаваме стратегии кои го имаат човечкиот капитал во центарот.

Нашите три совети се:

Спроведете правични политики: Од флексибилни услови до транспарентни плати, овие чекори привлекуваат врвни таленти.

Инвестирајте во жени лидери: Менторството и обуките се клучни за нивен раст – без можноста за правилен развој и инвестирање во нив, ризикувате да имате голем неискористен потенцијал.

Градење инклузивна култура: Компаниите кои ги вреднуваат вработените, независно на полот, се оние кои победуваат на пазарот.

Нашето искуство во работата со многу домашни и странски организации ни потврдува дека промените почнуваат од нас. Затоа, ве повикуваме: приклучете се на бранот на позитивни промени! Ако сте компанија која сака да привлече и задржи таленти, ако сте лидер кој сака да направи разлика и доколку сакате да ги следите светските трендови, нашите тимови постојат за да ве поддржат во создавањето бизнис кој ќе успее да го оствари целосниот потенцијал.