Искуството и експертизата на Thrivity Recruitment Agency
Во летните месеци, кога вработените користат годишни одмори, а деловните одлуки се одложуваат за „по одмор“, многу компании избираат да стагнираат. Но не и паметните.
Токму во вакви периоди на пазарна инертност, најстратешките компании ја користат тишината за да создадат предност. И токму тогаш, ние во Thrivity Recruitment Agency сме најангажирани.
Еве што прават компаниите што размислуваат долгорочно:
1. Размислуваат стратешки за нови позиции, однапред, не и во последен момент.
Компаниите со јасна визија за иднината не чекаат да „загори“, туку навремено подготвуваат план за раст. Тие:
- Прават листа на приоритетни позиции за Q4 и 2026
- Градат employer branding стратегија
- Соработуваат со партнери како Thrivity, за да имаат пристап до „скриениот“ пазар на труд.
Зошто?
Затоа што најдобрите кандидати не аплицираат секој ден, но добрата понуда секогаш ќе сакаат да ја слушнат.
2. Ја користат летната пауза за внатрешна евалуација
Овој период е идеален за:
- Анализа на постојниот тим
- Идентификување на лидерски потенцијали
- Потреба од проширување на тимот / нов вработен
- Подготовка за нови проекти и нови вработувања
Како помагаме ние?
- Советување за организациска структура
- Планирање на вработувања според нивните стратешки цели
Во Thrivity веруваме во стратегиско партнерство, не само во извршување на задачи. Затоа работиме со компании кои сакаат долгорочен успех, а не само „пополнување на позиција“.
Зошто е важно да се дејствува токму сега?
Компаниите кои се проактивни во „тивкиот“ период се првите што:
✅ Ги вработуваат најдобрите
✅ Ја оптимизираат својата структура
✅ Влегуваат во новата деловна сезона подготвени и ефикасни
А тие што чекаат… ќе треба да се снаоѓаат во пазар каде што другите веќе направиле прв чекор.
Зошто Thrivity?
Тим од искусни консултанти за човечки капитал и експерти за регрутација, посветени на точно детектирање на вашите потреби и поврзување со таленти што се соодветни не само за работната позиција – туку и за вашата организациска култура.
- Искуство со компании од различни индустрии
- Дискретен, стратегиски и ефективен пристап
- Работиме како партнери, не како „испорачувачи на кандидати“
Ако размислуваш за раст, реструктурирање или градење на тим, започни со партнер што вистински го разбира пазарот на трудот.
🔗 Разгледај ги нашите услуги: www.thrivity.com.mk/kompanii или контактирај нè директно да видиме што можеме да направиме за твојата компанија. 🙂