Дали постои совршен регрутациски процес?

Што сакаат компаниите?

Компаниите сакаат „идеален“ процес што брзо и прецизно ќе донесе резултати. Кандидатите сакаат транспарентност, почит и искреност. А ние, регрутерите, сме некаде на средина, балансираме, насочуваме и градиме партнерства.

Но… дали навистина постои совршен регрутациски процес?

Совршениот процес можеби не постои, но постојат бројни практични пристапи што овозможуваат соработка и усогласување на двете страни.

Совршенството во регрутација не е само во тоа колку фази има процесот, туку како тие фази водат до вистински резултат. Ние во Тривити веруваме дека добрата регрутација е комбинација од брзина и квалитет, затоа што и компаниите и кандидатите очекуваат ефикасен но и темелен пристап. За нас, успехот се мери со тоа колку прецизно поврзуваме, колку добро се вклопува новиот човек во тимот и дали заедничката визија ќе продолжи да расте и по првиот работен ден.

Па, што го прави еден регрутациски процес „добар“?

  • ✅ Јасност од старт – кога и клиентот и кандидатот знаат што бараат и што нудат;
  • ✅ Човечки пристап – не само CV, туку вредности, култура, комуникација, кариерен развој;
  • ✅ Флексибилност – затоа што не постои „перфекција“;
  • ✅ Транспарентност – и кон кандидатите, и кон компаниите;
  • ✅ Брзина, но не по цена на квалитетот;

А што правиме ние во Thrivity?

Ние не продаваме илузии. Ние не бркаме „совршенство“.

Ние ги бараме вистинските луѓе со знање, вештини и потенцијал за вистински компании.

Нашите процеси се живи, динамични и секогаш, ама баш секогаш, се флексибилни и прилагодени за двете страни. Некогаш тоа значи неколку средби, размена на идеи, мислења и ставови филтрирани низ содржината на бизнис симулации и конкретни прашања од реални примери.  Другпат е доволен само еден разговор за да сфатиш дека тоа е ТОЈ човек.

Во суштина, секој „совршен процес“ е уникатна приказна  а ние сме тука да ја пишуваме заедно.

За крај…

Ако се прашувате дали вашиот следен регрутациски процес може да биде успешен одговорот е ДА.

Не затоа што ќе биде совршен според книга. Туку затоа што ќе биде совршен за вас како компанија.

Регрутација – Како Thrivity ви помага да го најдете вистинскиот кадар

Во денешниот компетитивен пазар на труд, регрутација претставува еден од клучните процеси за вработување за секоја успешна компанија. Без правилен избор на таленти, и најдобрите стратегии можат да паднат во вода. Токму затоа, Thrivity Recruitment Agency постои – да им помогне на компаниите да го пронајдат вистинскиот човек зад секоја позиција.

Што е регрутација?

Регрутација е процес на идентификување, привлекување и избор на квалификувани кандидати за конкретна работна позиција. Овој процес вклучува неколку чекори:

  • Дефинирање на потребите на клиентот
  • Креирање на профил на идеален кандидат
  • Активна потрага по таленти (headhunting)
  • Прелиминарен скрининг и интервјуа
  • Финален избор и препорака до клиентот

Но регрутацијата не е само процес – таа е уметност и стратегија која бара длабоко разбирање на пазарот на труд, на корпоративната култура и на човечката психологија.

Зошто Thrivity?

Нашиот пристап е индивидуализиран, стратешки и фокусиран на резултат. Имаме долгогодишно искуство во регрутација и селекција на кадар за компании од различни индустрии.

Нашиот процес на регрутација вклучува:

• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација;
• Вработување во оптимален рок;
• Заштеда на време и ресурси;
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно;
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding;
• Дискретност и доверливост во водење на процесите;

Ние сме вашиот партнер.

Регрутација како инвестиција

Многу компании регрутацијата ја гледаат како трошок, но вистинската регрутација е инвестиција во иднината. Со правилен избор на кандидат, компанијата добива:

  • Поголема продуктивност
  • Подобра организациска култура
  • Помала флуктуација на вработени
  • Подобра репутација на работодавачот

Затоа нашата мисија во Thrivity е да помогнеме во градење на одржливи тимови и успешни организации.

Како да започнеме?

Доколку сте компанија која има отворена работна позиција, или пак сакате да го унапредите вашиот процес на селекција, контактирајте нè денес. Нашиот тим ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот кандидат – брзо, професионално и ефикасно.