Thrivity Активатор – Бр 1. водич за личен и професионален развој

18.12.2020

Во издание на Паблишер, авторскиот тим составен од Фросина Денкова – Зафировска, Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски, тројцата експерти со долгогодишно искуство во полето на развој на потенцијалите кај луѓето, за прв пат во земјава го создадоа Активатор.

Ова е водич за развој на 70 бихевиорални компетенции, која на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги однесе личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.

Оваа книга е книга алатка која инспирира и креира свесност за личен и професионален развој, а воедно мотивира прогресивен лидерски стил фокусиран на луѓето.

Со неа сакаме бихевиоралните компетенции, кои се препознаени како фактор за успех, да ги направиме достапни за сите луѓе кои веруваат во сопствниот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг.

Тие претставуваат сет на знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност.

Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација, па затоа е неопходно да се посветиме на нивен континуиран развој, а „THRIVITY АКТИВАТОР“ го нуди токму тоа.

Што е Активатор?

Станува збор за интерактивен водич кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.

Независно дали станува збор за студенти, лица кои бараат работа, лица кои сакаат да го променат постоечкото работно место, или пак се работи за менаџери кои сакаат да поттикнат развој на луѓето во своите тимови, оваа книга отвора нови можности за личен и профедионален развој.

На патот на нашиот развој, нѐ пресретнуваат нови работи со кои ги шириме сопствените хоризонти. Всушност, овој „Активатор“ поттикнува да се отвориме за ваквите новите нешта.

Знаете, пандемијата ни овозможи да ревидираме до каде сме, а развојот на компетенциите во овој период ни дава шанса да еволуираме за да бидеме поконкурентни на пазарот на труд.

Оваа книга е надоврзување на Thrivity, на нашиот иновативен пристап на пазарот на труд, со кој ги спојуваме лицата кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.

Сите наши активности, сé што правиме е со единствена цел, да креираме отворен, транспарнетен и конкурентен пазар на труд.

Да ги поддржиме луѓето во процесот на барање работа, а истовремено да креираме партнерски однос со компаниите кои имаат потреба од вработување.

Активатор aktivator

Нашата Тривити платформа е иновативно ИТ решение кое значително го подобрува и го унапредува досегашниот процес на барање работа и барање кандидати за работа.

На компаниите им штеди време, им дава перспектива за кандидатите, а од друга страна платформата ги предлага лицата кои бараат работа, секако доколку нивните квалификации одговараат соодветно на огласот за вработување, притоа тие се целосно заштитени, односно нивните податоци компанијата може да ги види само доколку тие прифатат барање за контакт. И сето тоа се случува 24/7.

Затоа преку „Активаторот“ поттикнуваме култура на личен развој, а преку платформата создаваме свесност кај компаниите дека треба да се изборат да бидат посакувано работно место.