Кариерен центар

Искористи ја можноста за бесплатна обука која ќе ти помогне во градењето на кариера што ја посакуваш

Кариерен центар

Кариерниот центар е основан со цел да понуди поддршка и едукација во процесот на пронаоѓање работа, промена на работното место и развојот нa кариера.

Во рамки на Кариерниот центар редовно се одржуваат обуки кои се состојат од интерактивни предавања за самозапознавање, правење план за вработување и вмрежување, за раст во вашата кариера.

Идејата на кариерниот центар е да им овозможи на посетителите да се стекнат со способности и знаења кои потоа ќе им помогнат во потрагата на ново работно место, но и во извршување на задачите откако ќе бидат вработени.

Обуките ги држат претставници од тимот на THRIVITY но и гости експерти кои ги пренесуваат своите знаења ексклузивно за пријавените учесници. Пријавувањето за секоја нова обука се врши исклучиво на веб сајтот.

напредувај во твојата кариера

Пријави се!


Целосно бесплатни

Сите обуки во Тривити кариерниот центар се бесплатни, бидејќи тоа е нашиот начин да возвратиме на општеството.

МЕЃУНАРОДНИ ИСКУСТВА

Предавачите во нашиот кариерен центар се професионалци со широк спектар на знаења и меѓународни искуства.

интерактивни кратки сесии

Предавањата се одржуваат во облик на кратки интерактивни сесии со двонасочна, конструктивна комуникација.

СЕРТИФИКАТ ЗА ОБУКА

Сите учесници на бесплатните предавања во Тривити кариерниот центар добиваат сертификат за завршена обука.