Настани

Тривити имаше можност да се претстави пред 120 млади луѓе од регинот

Тривити тим

04.12.2023

Поликарп Арсеновски беше истакнат гостин говорник пред 120 млади учесници на Меѓународниот настан за мултипликатор во рамките на проектот Еразмус плус „Digi Coop for Youth employability“. Тема на пленарната дискусија беше „Отклучување на можностите за прекугранични превозници меѓу Северна Македонија, Бугарија и Грција“, организирана од страна на „Младинска алијанса - Крушево“. Поликарп на самиот настан говореше за добриот пример и успех на Тривити, како и идните проекти кои Тривити планира да ги развие за подобрување на можноста за вмрежувањето, соработката помеѓу претставниците на различни сектори и овозможување на младите од прекуграничните региони да бараат и да пристапат до нови можности. Цел на проектот е да се зајакне соработката помеѓу Грција, Северна Македонија и Бугарија преку поддршка на онлајн вмрежување и соработка помеѓу претставници од различни сектори (млади, образование и бизнис), со фокус на решавање на невработеноста кај младите и обезбедување пристап на младите до нови можности и развивање на нoви можности за вработување и претприемачки компетенции. Во името на Тривити и Поликарп им благодариме на Youth Alliance – Krusevo кои ja препознава Тривити како добра платформа за пронаоѓање на работа и одлична компанија која ги спојува луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.