УКИМ и Тривити со обуки за студентите

02.02.2021

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Друштвото за услуги АПОД, преку Кариерниот центар Тривити, потпишаа Меморандум за соработка кој вклучува организација на обуки за студентите.

Заедничката заложба е остварување и јакнење на нераскинлива врска помеѓу стопанството и достигнувањата во високото образование и науката, во насока на општествениот развој и подигнување на степенот на соработка во иднина, што е и мотивот за потпишување на оваа соработка.

Целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практикантство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на труд и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и Тривити.

Обуки за студентите


Соработката на Универзитетот и АПОД вклучува обуки, постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на соработка помеѓу кариерните центри, приближување (вмрежување) на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, воведување на кариерен ден, оспособување на студентите за пренесување на стекнато знаење во областа кариерно советување и практикантство и стипендирање на постдипломци на Универзитетот.

Предвидени се и работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации.