Искористи ја можноста за бесплатна обука која ќе ти помогне во градењето на кариера што ја посакуваш
Кариерниот центар е основан со цел да понуди поддршка и едукација во процесот на пронаоѓање работа, промена на работното место и развојот нa кариера.
Во рамки на Кариерниот центар редовно се одржуваат обуки кои се состојат од интерактивни предавања за самозапознавање, правење план за вработување и вмрежување, за раст во вашата кариера.
Идејата на кариерниот центар е да им овозможи на посетителите да се стекнат со способности и знаења кои потоа ќе им помогнат во потрагата на ново работно место, но и во извршување на задачите откако ќе бидат вработени.
Обуките ги држат претставници од тимот на THRIVITY но и гости експерти кои ги пренесуваат своите знаења ексклузивно за пријавените учесници. Пријавувањето за секоја нова обука се врши исклучиво на веб сајтот.
Сите обуки во Тривити кариерниот центар се бесплатни, бидејќи тоа е нашиот начин да возвратиме на општеството.
Предавачите во нашиот кариерен центар се професионалци со широк спектар на знаења и меѓународни искуства.
Предавањата се одржуваат во облик на кратки интерактивни сесии со двонасочна, конструктивна комуникација.
Сите учесници на бесплатните предавања во Тривити кариерниот центар добиваат сертификат за завршена обука.