Настани

Тривити дел од 16-та Меѓународна MHRA Конференција и HR EXPO во Скопје

Тривити тим

07.10.2024

На 3 и 4 октомври оваа година, Thrivity учествуваше на 16-та Mеѓународна Kонференција за Човечки Ресурси која се одржа во Скопје, во хотелот Холидеј Ин и M6 едукативниот центар.

Како еден од водечките играчи во секторот за човечки ресурси и регрутирање, нашиот тим имаше можност да се поврзе со своите колеги од HR индустријата, да размени иновативни идеи и да ги истражи новите трендови кои ја обликуваат иднината на човечките ресурси.

Конференцијата, позната по привлекување HR експерти и професионалци од целиот свет, обезбеди динамична сцена на кои се дискутираше за клучни теми како што се благосостојбата на вработените, за тоа како компаниите можат да усвојат иновативни стратегии за да создадат поангажирана работна сила, дигиталната трансформација и идните предизвици на работната сила. Како мастер класови од кои научивме и слушнавме би ги издвоиле предавањата со Марк Антони и проф. Матеј Черне.

Нашето учество ни овозможи да слушнеме предавања од странски и од домашни експерти во оваа област, но и да го споделиме нашето портфолио на услуги кои ги нудиме и да поделиме над 50-тина книги Тривити Активатор на нашиот изложбен штанд.

‘’За нас овој настан е повеќе од  успешен не само по вмрежувањето со колегите од HR секторите туку и по интересот за Тривити Активатор од кој беа доделени повеќе од 50 книги како подароци за присутните.’’ – изјави Марија Акимовска - менаџер за развој на бизнис во Тривити

‘’Ме изненадува тоа што интересот за книгата Активатор е сеуште многу голем.’’ – изјави Дејан Ваневски

Благодариме на МАЧР за поканата за учество на 16-тата Меѓународна MHRA Конференција и HR EXPO во Скопје, како и за одличната организација на настанот. Си одиме побогати со уште едно искуство, кое ни остави простор за размислување, стекнавме голем број нови познанства и ни даде нови идеи кои може да ги имлементираме во остварување на нашата мисија – Да создадеме услови за отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд.