Еволуција на лидерството
Тривити тим
26.11.2024
Тривити тим
26.11.2024
Како одговор на технолошките иновации во новата ера, промените во организациите станаа неизбежни доколку се стремиме кон успех. Ова е особено изразено во делот на лидерските улоги. Пореметувањата со кои секојдневно се соочуваме на работното место се оние, на кои повеќето од нас сè уште не сме целосно навикнати; работа од дома, скратени работни недели, флексибилно работно време и употреба на нови технологии. Вообичаено, правилното лидерство е она што ја прави разликата кога се справуваме со промените. Во продолжение ќе се задржиме на двата стила на лидерство кои се покажаа успешни во справувањето со нагли и ненадејни промени.
И покрај тоа што може да изгледа како нов тренд, компаниите кои ги трансформираат своите лидерски стилови кон поагилен начин на функционирање постојат веќе една деценија. Со ваквата трансформација, една типична организација од хиерархиски стил, се претвора во отворена организација со отворена комуникација во сите делови на организацијата, каде главните цели се да се постигне флексибилност, соработка, брзо донесување одлуки и отвореност.
Пример за значајна трансформација доаѓа од PayPal, кој ја иницираше нивната промена во 2018 година. Компанијата сфати дека има голем број вработени кои работат на недефиниран производ што е далеку од очекувањата и желбите на нивните клиенти. За да одговори на овие проблеми, PayPal создаде тимско решение по Scrum методологија составено од „4 столбови“ кое изгледа вака:
Важен дел од трансформацијата кој помогна промената да биде успешна, беше спроведената обука за Агилно лидерство на водечките луѓе на оваа трансформација, како и постигнатата транспарентност преку поотворени канали на комуникација и мапирањето на проекти, во кои секој вработен можеше да види на што работат другите. Ова значително ја зголеми ефикасноста на управувањето и овозможи целосна трансформација на компанијата.
Лидерите во време на ,,Ковид – 19’’ насекаде беа приморани да носат брзи одлуки соочени со непроверени информации и безброј непознати. Згора на тоа, тие мораа да ги балансираат многуте тешкотии на кризата - здравје, економија, општество, политика и култура - одеднаш.
Во навигацијата на овие предизвици, се издвои еден пристап на лидерство: адаптивно лидерство. Во суштина, овој пристап може да се подели на 4 дела:
Моќта на овие принципи во акција може особено да се види со компании како AstraZeneca. Благодарение на своите операции во Кина, компанијата беше меѓу првите кои дознаа за вирусот и ја предвиде огромната побарувачка за медицински решенија. И покрај многуте неизвесности, AstraZeneca можеше да ги артикулира овие итни потреби на своите внатрешни тимови и надворешни партнери, обезбедувајќи ја потребната поддршка за да продолжи напред. Прилагодливоста на компанијата блесна додека се насочуваа кон нови деловни модели, формираа партнерства и развиваа иновативни решенија. Ова го вклучуваше не само нивниот развој на вакцини, туку и нивниот придонес за тестирање, поддршка на здравствените установи, па дури и користење на вештачка интелигенција за подобрување на дијагностиката. Она што навистина ја издвојува AstraZeneca е нејзината посветеност и одговорност. Компанијата вети дека ќе го поддржи одговорот на глобалната пандемија на најекономичен и најправеден можен начин. Тие склучија договори за производство и дистрибуција на вакцината без профит за време на пандемијата, нагласувајќи ја нивната посветеност за поголемото јавно добро.
Промената во лидерството е од клучно значење за организациите да бидат успешни при брзи промени. Агилното и адаптивно лидерство се покажаа како доста ефективни, но флексибилноста, отворената комуникација и одговорноста остануваат клучни фактори кои им помагаат на компаниите да напредуваат во несигурни времиња.
Неда Костовска
соработник на Тривити