Вработени и невработени лица, кои сакаат да се стекнат со нови знаења и алатки за процесот на кариерен развој со цел пронаоѓање работа, промена на работно место и развој на кариерата.
Програмата вклучува предавања за унапредување на меки вештини (soft skills) преку практична едукација и зголемување на нивото на компетитивност на пазарот на труд. Оваа активност ќе биде спроведена низ 3 тренинг сесии, кои ќе се одржат виртуелно преку Кариерниот центар на Тривити.
Модул 1
21.11.2023 (вторник) |
Модул 2
05.12.2023 (вторник) |
Модул 3
12.12.2023 (вторник) |
Клучни предизвици и клучни можности / Самоевалуација | Работна етика / Култура на континуирано учење | Подготовка на личен развоен план за вработување / Вештини за вмрежување |
16:00-19:00ч | 16:00-19:00ч | 16:00-19:00ч |
Целта на оваа програма е да им овозможи на учесниците да се стекнат со нови вештини и знаења кои потоа ќе им помогнат во потрагата на ново работно место, но и во квалитетно извршување на работните задачи откако ќе бидат вработени.
Обуките ќе ги спроведат претставници на Тривити кои ќе ги пренесат своите знаења и искуства на темите за сите пријавените учесници.
Како последна фаза, за сите учесници ќе биде организиран нетворкинг настан на кој во неформална атмосфера, учесниците кои успешно ја завршиле тренинг програмата ќе имаат можност да се запознаат со компании и отворени работни позиции.