Управување со човечки капитал (Human Capital Management) се однесува на стратешкиот пристап кој го преземаат организациите за да управуваат и да ја максимизираат вредноста на нивната работна сила како највреден и најценет ресурс. Опфаќа збир на практики, процеси и стратегии насочени кон привлекување, развивање, ангажирање и задржување на талентирани вработени градејќи ги нивните вештини, знаења и способности за остварување на целите и задачите на организацијата.
Кој би требало да учествува?
Програмата е наменета за топ менаџери, менаџери на сектори, ХР менаџери, како и сопственици на компании кои во своето работење се соочуваат со предизвикот на привлекување, развој и задржување на вработени.
Научете како подобро да управувате со човечкиот капитал во вашите организации.
Човечкиот капитал и потребата од квалитетно водење на стратегиите во човечките ресурси стануваат императив за секој бизнис.
Преку воведување на нови практики или подобрување на постоечките унапредете ги вашите компетенции и стекнете се со алатки кои ќе ви бидат се понеопходни во ерата на „војна за таленти.“
Времетраење на програмата 6 сесии по 4 часа (од октомври до декември 2023), а работилниците ќе бидат поделени во две нивоа: Основно и Напредно.
Распоред на настани
Модул 1 13ч – 18ч |
Модул 2 13ч – 18ч |
Модул 3 13ч – 18ч |
Модул 4 13ч – 18ч |
Модул 5 13ч – 18ч |
Модул 6 12ч – 17ч |
Нетворкинг настан 17ч – 19ч |
05.10 (чет) | 19.10 (чет) | 02.11 (чет) | 16.11 (чет) | 28.11 (вто) | 06.12 (среда) | 06.12 (среда) |
Програма:
Процесот на регрутација вклучува сет активности со цел привлекување, оценување и избор на кандидати за слободни работни места во организација.
Системот за управување со перформанси вклучува сетирање на јасни очекувања поврзани со остварувањата и однесувањето на вработените, обезбедување редовен фидбек, спроведување на евалуација и идентификување можности за подобрување.
Организациска култура (Идентитет на организацијата) се однесува на сет на споделени верувања, вредности и принципи со која се дефинира суштината на постоењето на организацијата и однесувањето на членовите во и надвор од неа.
„Здравата“ организациска култура придонесува кон зголемена продуктивност, развој, ефикасност и значително ја намалува флуктуацијата на работната сила.
Организациската култура може да биде видлива во многу аспекти на организацијата, како што се:
Ангажираните вработени (engaged employees) ќе бидат продуктивни, мотивирани и посветени на својата работа. Вклучува стратегии за подобрување на задоволството од работата, рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата, како и целокупната благосостојба на вработените.
Планирање на работна сила (Workforce management) подразбира процес кој ќе и обезбеди на организацијата расположливост со човечки капитал за потребите на бизнисот, денес и во иднина на најефективен начин. Развојот на таленти опфаќа идентификување на клучни работни позиции и кадар со потенцијал за развој со цел развој на вработените и пополнување идни менаџерски – лидерски позиции.
Клучните области кои се опфатени се:

Процес на регрутација
Систем за плати и бенефиции
Управување со перформанси
Креирање на организациска култура
Ангажираност на вработените
Развој на таленти и идни лидери