Фокусирани и дисциплинирани активности за да се создаде визија за тоа во која насока сакате да го водите вашиот бизнис во следните 3 до 5 години и како да успеете да ги остварите вашите стратегии и цели.
Стратешкото бизнис планирање е чекор повеќе од бизнис планирањето. Целите кои ќе се постават се во линија на максимизирање во искористување на расположливите бизнис можности, внимателно се анализира бизнис индустријата и искрено се разгледуваат силните и слабите страни на компанијата поврзани со исполнување на потребите на индустријата.
Обликување и управување со организацијата, во линија на тоа: Кому таа му служи, Што прави и зошто го прави тоа, при тоа фокусирајќи се кон иднината.