Дали постои совршен регрутациски процес?
Тривити тим
30.06.2025
Тривити тим
30.06.2025
Компаниите сакаат „идеален“ процес што брзо и прецизно ќе донесе резултати. Кандидатите сакаат транспарентност, почит и искреност. А ние, регрутерите, сме некаде на средина, балансираме, насочуваме и градиме партнерства.
Но… дали навистина постои совршен регрутациски процес?
Совршениот процес можеби не постои, но постојат бројни практични пристапи што овозможуваат соработка и усогласување на двете страни.
Совршенството во регрутација не е само во тоа колку фази има процесот, туку како тие фази водат до вистински резултат. Ние во Тривити веруваме дека добрата регрутација е комбинација од брзина и квалитет, затоа што и компаниите и кандидатите очекуваат ефикасен но и темелен пристап. За нас, успехот се мери со тоа колку прецизно поврзуваме, колку добро се вклопува новиот човек во тимот и дали заедничката визија ќе продолжи да расте и по првиот работен ден.
Ние не продаваме илузии. Ние не бркаме „совршенство“.
Ние ги бараме вистинските луѓе со знање, вештини и потенцијал за вистински компании.
Нашите процеси се живи, динамични и секогаш, ама баш секогаш, се флексибилни и прилагодени за двете страни. Некогаш тоа значи неколку средби, размена на идеи, мислења и ставови филтрирани низ содржината на бизнис симулации и конкретни прашања од реални примери. Другпат е доволен само еден разговор за да сфатиш дека тоа е ТОЈ човек.
Во суштина, секој „совршен процес“ е уникатна приказна а ние сме тука да ја пишуваме заедно.
Ако се прашувате дали вашиот следен регрутациски процес може да биде успешен одговорот е ДА.
Не затоа што ќе биде совршен според книга. Туку затоа што ќе биде совршен за вас како компанија.