Оваа Политика за приватност се однесува на www.thrivity.mk (во понатамошниот текст “Платформа”) во сопственост на Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, со седиште на ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, 1480 Гевгелија, со ЕМБС 7241720 (во понатамошниот текст “АПОД”) и дава информации за начинот на обработка на податоците на посетителите и Корисниците на Платформата од страна на АПОД.
АПОД е посветен на заштита на приватноста на Корисниците. Обработката на личните податоци на Платформата се врши во согласност со оваа Политика за приватност, интерните правила на АПОД и Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Категории на податоци
При посета на Платформата, серверот креира логови за секој посетител односно ја регистрира Интернет протокол (IP) адресата на Посетителот/Корисникот и други технички податоци, како на пример датум / време на барање, бараната веб страница со универзален ресурсен локатор (URL), HTTP-код и бајти што се сервираат при посетата.Логовите на системско ниво се користат исклучиво за пронаоѓање и решавање на проблеми во рамките на инфраструктурата на Платформата. Овие серверски логови може да се користат и за да се испитаат шемите за интернет сообраќај според денот или денот во неделата, како и за ефикасна администрација на веб-страницата. Соодветни ресурси за хостирање и фино подесување на перформансите на веб страницата може да бидат помогнати со анализа на логовите на веб-серверите. Пристап до овие логови имаат само овластени администратори (супер админ) кои се одговорни за непречено функционирање на системите, бекапи и надоградби.
АПОД ги обработува податоците на Корисниците (име, презиме, назив на Компанијата, e-mail адреса/телефонски број) само доколку доброволно ги дадете за регистрирање на Платформата, користење на нејзините услуги и за да добивате информативни пораки. Корисниците имаат можност да се регистрираат и со својот Facebook или Google account.
При креирање односно пополнување Профил на Платформата, регистрираниот Корисник доброволно наведува лични податоци. Некои полиња во Профилот се означени како задолжителни, а некои се доброволни. Доколку не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема даВи биде дозволено- да се вклучите во таа активност или да продолжите со следните чекори во креирање на Профилот и негово активирање. Напоменуваме дека АПОД нема пристап до податоците кои ги наведувате во Вашиот Профил, но Платформата автоматски ги агрегира податоците на Корисниците како што се број на профили по работна позиција за Корисниците и ги генерира како збирни податоци на Платформата. Овие податоци не го идентификуваат Корисникот. АПОД ги користи овие податоци (вкупен број на профили по работни позиции,) за статистички и аналитички цели во насока на подобрување на содржината и функционалноста на Платформата и за збирно информирање на Корисниците и/или трети лица.
Во моментот Платформата не користи Колачиња (“Cookies”).
Цели на обработка на личните податоци
Личните податоци се обработуваат доброволно врз основа на согласност од Корисниците и единствено за целта за која се собрани. АПОД ги обработува Вашите лични податоци за даВи овозможи пристап односно регистрација и користење на Платформата и нејзините услуги.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
АПОД ги користи податоците на Корисниците за да се создадат збирни податоци за статистички и аналитички цели во насока на подобрување на содржината и функционалноста на Платформата и за збирно информирање на Корисниците и/или трети лица.
При регистрација на Платформата, Ви се нуди можност да дадете согласност за користење на Вашите лични податоци (име, презиме, e-mail адреса) за цели на директен маркетинг односно за да добивате Newsletter и промотивни пораки за услугите и активности на АПОД.
Ако не сакате повеќе да добивате промотивни пораки, во секое време можете да ја повлечете ваквата согласност, доколку ги следитет чекорите за одјавување (unsubscribe) што се наведени на крајот од секоја порака или доколку ни се обратите.
Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со услугите, содржината и функционирањето на Платформата. Овие известувања не спаѓаат во директен маркетинг.
Права на субјектот на личните податоци
Корисниците како субјекти на лични податоци имаат право на пристап до личните податоци односно право да бидат информирани за обработката на личните податоци, право да побараат ограничување на обработката, право на приговор до АПОД против обработката на личните податоци, право на преносливост на податоци, како и други права предвидени со закон и применливи прописи кои можат да ги остварат со поднесување барање на следната електронска адреса support@thrivity.mk.
Субјектот на личните податоци има право да побара исправка односно дополнување, менување, бришење или запирање на понатамошна обработка на личните податоци со поднесување барање на следната електронска адреса support@thrivity.mk.
АПОД е должен да одговори на субјектот на лични податоци, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Корисниците можат во секое време да пристапат, променат или избришат своите лични податоци преку најава на Платформата со своето корисничко име и лозинка и пристапување до секцијата “Профил”. Доколку Корисникот сака да го деактивира односно избрише Профилот треба да испрати барање на следната електронска адреса support@thrivity.mk или тоа да го направи самостојно со избор на опцијата „избриши го мојот профил“ од менито во горниот десен агол на екранот. Со деактивирањето односно бришењето на Профилот ќе бидат избришани сите податоци за Корисникот од Платформата.
Доколку субјектот на лични податоци смета дека начинот на кој АПОД ги обработува неговите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Тајност, заштита и откривање на податоците
АПОД презема и применува соодветни технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци заради спречување неовластено откривање или пристап или нивна евентуална злоупотреба во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и интерните правила. Сите лица од АПОД кои имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги чуваат личните податоци како доверливи и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.
Со регистрација на Платформата, Корисникот се согласува неговите лични податоци да бидат споделени со трети лица на кои АПОД им доверува извршување на определени услуги, како софтверското одржување на Платформата и тоа конкретно на:
– Друштвото за трговија и услуги ХАСЕЛТ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Мајаковски 2/1 К.1/2, 1000 Скопје (во понатамошниот текст “ХАСЕЛТ”)
АПОД има склучено договор со ХАСЕЛТ, со кој го обврзува на тајност и заштита на личните податоци до кои има пристап и на било каков начин ги обработува.
АПОД го задржува правото на откривање личните податоци на Корисниците во случаи предвидени со закон или кога е неоходно за водење на судска постапка или за заштита на нашите права и интереси.
Корисниците се регистрираат и најавуваат на Платформата и може да пристапат до своите лични податоци со внесување на своето корисничко име и лозинка кои сами ја креираат. Лозинката треба да има вкупно 7 карактери (вклучувајќи најмалку една бројка и еден специјален знак) и да му биде позната единствено на Корисникот. Ве советуваме да не ја споделувате Вашата лозинката со никого. Веднаш да не известите и да ја промените лозинката доколку сметате дека Вашата лозинка е компромитирана на било кој начин.
Заштита на приватност на малолетни лица
Заштитата на личните податоци и приватноста на малолетните лица е особено важна за нас. За таа цел користењето на оваа Платформа е забрането за лица помлади од 18 години. Со користење на Платформата изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да имате 18 години за да креирате профил на Платформата и да ги користите услугите кои ги нуди. Доколку дојдеме до сознание дека регистриран корисник нема навршено 18 години веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него.
Врски до други веб- страници
Оваа Политика за приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку врски (линкови) поставени на нашата Платформа. Ние не сме одговорни за политиките или содржините на веб-страниците до кои има врски (линкови), ниту пак за каков било пренос на податоци кој настанал со веб-страницата до која има врска (линк). Со оглед дека посетата на трети веб-страници е на Ваша одговорност и ризик, Ве советуваме да се запознаете со Политиките за приватност на овие страници.
Промени на Политиката за приватност на личните податоци
Платформата го задржува правото во секое време да ја менува и обновува оваа Политика за приватност. При промена на Политиката за приватност ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повременопосетувајте ја Политиката за приватност за да бидете запознаени со евентуалните промени.
Прифаќање на условите
Со пристапување и/или користење на оваа Платформа, Виеизјавувате декасте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатилеодредбите од оваа Политика за приватност и Правилата и условите за користење, вклучително и нивните последователни промени и сте одговорни повремено да ја проверувате нивната содржина, како и дека давате изречна согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на АПОД.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност и/или со Правилата и условите за користење, би Ве замолиле да не пристапуватеи/или да ја користите нашата Платформа.
Контакт во врска со Политиката за приватност на личните податоци
Доколку имате било какви барања, прашања или предлози во врска со оваа Политика за приватност или во врска со собирањето, користењето и откривањето на Вашите личните податоци, Ве молиме да не контактирате на:
Друштво за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија
Ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, Гевгелија
E-пошта: info@thrivity.mk и/или support@thrivity.mk
Офицер за заштита на личните податоци: Марија Акимовска
Доколку не контактирате, ние ќе Виодговориме на истата адреса од која сме го добиле барањето или која Вие сте ја навеле. Вашата адреса нема да биде искористена за ниту една цел освен за да одговориме на Вашиот допис. АПОД може да ги чува пораките на Корисниците кои ни ги испратиле со цел да послужат како доказ при евентуален спор.
Објавено на: 14.07.2023 година