Колку ве чини една празна позиција? Стратешки HR инсајти за CEO и лидери
Тривити тим
27.07.2025
Тривити тим
27.07.2025
Во време на економска неизвесност, притисоци за ефикасност и зголемена конкуренција, токму луѓето стануваат највредниот ресурс во секоја компанија. Но, клучното прашање е: имате ли ги вистинските луѓе на вистинското место, навреме?
Во разговори со десетици директори, основачи и HR професионалци, забележавме една заедничка болка:
Регрутацијата се третира како административна обврска, а не како стратешка одлука.
Резултатот? Преоптоварени тимови, скапи грешки при вработување и изгубени месеци во чекање на „идеален“ кандидат.
Во овој блог ви носиме 8 кратки, но моќни HR инсајти, поткрепени со истражувања и податоци од Gallup, Harvard Business Review, Glassdoor, LeadershipIQ и SHRM - кои можат да направат суштинска разлика во вашата организација.
Според Society for Human Resource Management (SHRM), една празна позиција ја чини компанијата просечно 500 долари дневно, кога ќе се земат предвид:
Празните позиции имаат невидлива цена што секојдневно расте. Одложената регрутација чини, дури и кога не ја гледате веднаш во бројки.
Во Thrivity, работиме на мапирање на критични улоги, ги пополнуваме со ефикасност, прецизност и професионалност.
Истражување на Glassdoor покажува дека 52% од кандидатите ја одбиваат понудата поради бавен или неструктуриран процес.
Недостаток на фидбек, неодредени очекувања и долги паузи меѓу фазите, сето тоа испраќа негативен сигнал. Во ера на трансапрентност и брзина, добриот кандидат очекува одлучен, прецизен и професионален процес.
Thrivity во просек го скратува времето на вработување за 30%, без компромис на квалитетот на кандидатот. Нашиот процес на регрутирање е структуриран, но флексибилен, за да импресионира, не да фрустрира.
Пазарот на трудот веќе се менува, а овие трендови стануваат новата реалност:
Thrivity применува технологија, но ја задржува човечката интелигенција.
Нудиме решенија што се базираат на реална анализа, не на интуиција.
Според Gallup, 75% од причините поради кои вработените заминуваат се поврзани со фактори што компанијата може да ги контролира, како:
Регрутацијата е само влезната врата, вистинската стратегија започнува по првиот ден на работа. Затоа Thrivity нуди поддршка и во фазите по вработување, преку советување за задржување, онбординг и културен alignment.
Harvard Business Review потврдува: структурирани интервјуа носат двојно поголема точност во изборот на успешен кандидат, во споредба со неструктурирани интервјуа.
Интуицијата има улога, но не е доволна. Во Thrivity, применуваме:
Овие методи носат голема сериозност, проефсионалност и стабилност.
Кога тимот работи над капацитет, но нема време да се жали, ризикот расте тивко. Последиците се:
Во Thrivity помагаме да изградите одржливи тимови, не само пополнети работни места. Нашите решенија се базирани на реално темпо и вистински организациски менаџмент.
Според LeadershipIQ, 46% од новите вработувања не успеваат во првите 18 месеци.
И тоа не е само трошок - туку:
Тhrivity комбинира културен fit, брзина и структурирана селекција, ја минимизираме веројатноста за неуспех.
Заклучок: Мали совети, големо влијание
Најдобрите одлуки понекогаш не доаѓаат од големите PowerPoint презентации, туку од точен совет во вистински момент.
Ако сакате да направите регрутација што е дел од вашата деловна стратегија, контактирајте нѐ
https://thrivity.com.mk/kontakt/