Зошто вработувањето преку агенција е најдобриот избор за паметни компании
Тривити тим
14.08.2025
Тривити тим
14.08.2025
Во динамичното деловно опкружување денес, компаниите се соочуваат со постојан предизвик, да најдат и задржат квалитетни луѓе во нивните компании. Многумина се обидуваат да го решат тој предизвик интерно, но се повеќе се покажува дека вработувањето преку специјализирана агенција е поефикасна, побрза и посигурна алтернатива.
Во продолжение ви споделуваме зошто сè повеќе успешни компании избираат да регрутираат преку агенција како Thrivity, наместо сами:
Регрутацијата одзема време, од пишување оглас, објавување, прегледување на апликации, интервјуа, па сѐ до финална селекција. Кога работите со агенција, целиот процес се презема од тим кој тоа го прави секојдневно и ефикасно. Тоа ви овозможува да се фокусирате на вашата основна работа, водење и развој на компанијата.
Иако на прв поглед може да изгледа дека регрутацијата преку агенција носи дополнителен трошок, вистината е спротивна. Несоодветното вработување чини многу повеќе, во време, ресурси, продуктивност, па дури и преоптовареност во HR тимот. Агенцијата обезбедува правилен профил и избор на кандидат уште од првиот обид, што значи помал ризик и повисока повратна вредност.
Најдобрите таленти ретко гледаат огласи за вработување, но би ги заинтересирала нова можност ако дојде од вистинското место. Агенции како Thrivity имаат алатки, мрежи и методи за да стигнат до вакви "пасивни кандидати" и да ги привлечат токму за вашата позиција.
Регрутирањето не е само интервјуирање, тоа е проценка на бихевиорални компетенции, вредности, личност и потенцијал. Нашите процеси се структурирани, со јасни критериуми и проверени методологии. Тоа значи поголема точност во изборот на кандидат, и објективност во донесување на одлука.
Особено кога се работи за чувствителни процеси, како замена на постоечки кадар, или стратегиски позиции, доверливоста е клучна. Thrivity работи со целосна дискреција и секогаш во интерес на долгорочен успех, а не само "пополнување позиција".
Како ве перцепираат кандидатите? Ние знаеме како да го претставиме вашиот бренд на начин што привлекува таленти. Професионално, атрактивно и стратегиски, токму онака како што треба.
Регрутацијата не треба да биде експеримент. Таа е премногу важна за да се препушти на среќа. Со Thrivity, добивате партнер кој размислува како вас, стратешки, фокусирано и ориентирано кон резултат.
Контактирајте нè денес! Следниот чекор кон подобар тим започнува со вистинска одлука.