Case study: Како Thrivity помогна да се пополни позиција Генерален менацер за 45 дена
Тривити тим
20.02.2025
Тривити тим
20.02.2025
Во денешниот брз и променлив пазар на труд, регрутирањето на квалификувани кандидати е постојан предизвик за многу компании. Наоѓањето на вистинскиот кандидат е клучно за континуитетот на нивното работење, за задржување на конкурентноста на пазарот и многупати за опстанок на бизнисот.
Во оваа ситуација, Thrivity се поставува како HR партнер за брзо и ефикасно регрутирање на работни позиции кои се од витално значење за клиентот.
Предизвикот: Регрутирање висока позиција бара професионален пристап, разбирање и одговорност.
Уште од првиот контакт посветивме време за запознавање, разбирање на потребата и колектирање информации за позицијата. Одговорноста започнува од самиот почеток. Затоа од исклучителна важност беше што имавме отворена комуникација, правилно ги детектиравме предизвиците, ја проценивме сложеноста на ситуацијата. Сето тоа ни послужи како солидна основа од каде започна нашиот партнерски однос.
Решението: Thrivity го презема процесот
Кога се соочивме со предизвикот, брзо преземавме акција. Нашиот пристап подразбира темелно разбирање на специфичните потреби на клиентот, нивната организациска структура, компаниската култура и техничките барања за позицијата. Од почеток до крај, целиот процес на регрутирање беше управуван од нашиот тим кој постојано го информираше клиентот за текот на процесот.
Процесот:
За почеток, нашата задача беше да ги искористиме сите канали како би стигнале до потенцијалните кандидати, а потоа процесот продолжи во насока на селекција според методологија на бихевиорално профилирање и техничко интервјуирање.
Предложивме квалитет наспроти квантитет. Понудивме 3 опции, професионалци кои можат да одговорат на барањата и би се вклопиле во организациската култура на компанијата, што значи дека не само што ќе ја исполнуваат техничката улога, туку и ќе допринесат за позитивната динамика во тимот во иднина. Со ова дадовме гаранција дека компанијата ќе ја донесе вистинската одлука при изборот на нов вработен.
Заклучок: Партнерството со професионална и специјализирана агенција за регрутирање се покажа дека е клуч за успех за компанијата
Овој пример илустрира како Thrivity не само што помогна да се пополни висока позиција во рекорден временски период, туку и го оптимизира целиот процес за да се обезбеди кандидат кој ќе донесе долгорочна вредност за компанијата. Нашиот пристап е прилагоден на уникатните потреби на секој клиент, што резултира со повисока продуктивност, задоволство на клиентите и долгорочен успех.
И да, секогаш постои онаа доза на адреналин кога ќе дознаеме која е нашата следна задача.
Предизвик за регрутерите е кога се работи за специфични професии, луѓе кои се врвни професионалци и исклучително ретки. 😊
Ако и вие се соочувате со предизвикот на брзо и ефективно пополнување на работни позиции, Thrivity е вашиот HR партнер кој ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели.