Едукација

Microshifting: Новиот тренд што го менува традиционалниот од 9 до 5 моделот

Тривити тим

05.11.2025

Во последните години, пазарот на трудот доживува тивка, но суштинска револуција.
Концептот на microshifting, малите, намерни промени во распоредот и начинот на работа, станува клучен тренд што може да го означи крајот на класичниот 9-до-5 модел.

Според Forbes (октомври 2025), microshifting не е само нов buzzword, туку сигнал дека организациите конечно се прилагодуваат на реалноста на современиот начин на живеење и работа.

Што е microshifting?

Microshifting подразбира флексибилно организирање на работниот ден, каде вработените сами ги распределуваат часовите според нивната енергија, задачи и обврски.

Наместо фиксно „седни во 9, стани во 17“, вработениот може:

  • Да почне порано, па да земе подолга пауза напладне,
  • Да работи неколку часа попладне или вечер,
  • Или да ја подели работата во неколку пократки, фокусирани интервали („micro-shifts“).

Зошто microshifting функционира

Истражувањата покажуваат дека продуктивноста повеќе не се мери во часови — туку во енергетски циклуси и резултати.

📊 Според извештајот State of Hybrid Work 2025 од Owl Labs:

65 % од вработените сакаат поголема флексибилност во распоредот,
додека само 14 % сметаат дека фиксниот 9-до-5 модел им одговара на нивниот животен стил.

Психолозите објаснуваат дека мали, свесни промени во начинот на работа (micro-shifts):

  • Го зголемуваат фокусот за 25–30%,
  • Ја намалуваат когнитивната исцрпеност,
  • Поттикнуваат поинспиративно размислување,
  • И овозможуваат повеќе автономија, што ја зголемува мотивацијата и ангажманот.

Крај на традиционалниот 9-до-5 модел

Како што наведува Forbes, класичниот осумчасовен распоред е наследство од индустриската ера, кога продуктивноста се мереше според времето поминато во фабрика.
Но во денешната економија на знаење, каде успехот зависи од фокус, креативност и ментална јасност, овој модел станува неефикасен и застарен.

Во 2025, повеќе од 60% компании во САД и Европа воведуваат различни форми на флексибилен или outcome-based модел на работа, microshifting е најновата еволуција на тој тренд.

Како работодавците можат да го применат microshifting

  1. Редефинирајте ја флексибилноста;
    Не се работи само за remote или hybrid модел. Флексибилноста е и во тоа кога се работи, не само од каде.
  2. Воведете “focus slots”;
    Блокирајте периоди без состаноци и пораки, време за вистинска концентрација.
  3. Поддржете индивидуален ритам
    Некој е најпродуктивен во 7 наутро, друг во 10 навечер, microshifting им дозволува да го следат сопствениот ритам.
  4. Мерете резултати, не часови;
    Оценувајте по завршени задачи и цели, наместо присутност или време онлајн.
  5. Промовирајте микро-пауза култура;
    Кратките 2–5 минутни прекини ја подобруваат концентрацијата и спречуваат прегорување.

Малите промени што прават голема разлика

Microshifting не бара технолошка револуција, туку ментална трансформација. Oд „контрола“ кон „доверба“, од фиксен распоред кон паметна автономија.

За организациите кои сакаат да бидат привлечни за таленти, ова е можност да понудат нешто повеќе од плата и бенефиции.

Заклучок

Microshifting е нов пристап кон продуктивноста, кој ги почитува индивидуалните разлики, го поттикнува фокусот и создава поконструктивна работна култура.

Компаниите што ќе го прифатат овој модел ќе добијат повеќе мотивирани, лојални и иновативни тимови.
А тоа, на крај, е највисоката форма на ефективност.