Едукација

Кога процесот бара дискреција, Thrivity е тука

Тривити тим

14.08.2025

Во динамичниот бизнис свет, постојат ситуации кога регрутацијата мора да биде спроведена со највисоко ниво на доверливост. Промени во тимот, реорганизација или замена на клучна позиција - сите овие ситуации бараат дискретен и професионален пристап за да се заштитат интересите и на компанијата и на кандидатите. Во Thrivity разбираме дека довербата е клучна и обезбедуваме процес кој ќе ја гарантира.

Професионалност кога е најважно!

Некои процеси не можат да си дозволат јавност. Според повеќе студии, 67% од компаниите кои заменувале критични позиции во високи менаџерски слоеви користеле доверливи headhunting услуги, за да се избегнат шпекулации и нарушување на интерните процеси.

Нашиот тим обезбедува:

  • Доверлив пристап: целосна заштита на информациите за клиентот и кандидатот.
  • Таргетиран headhunting: идентификација и привлекување на идеален талент без да се наруши тековната структура.
  • Безбедна комуникација: внимателно управување со информациите низ целиот процес.

Заштита на двете страни

Регрутацијата на чувствителни позиции често е двонасочен процес на доверба. Компаниите очекуваат стабилност и дискреција, а кандидатите сигурност дека нивниот интерес е заштитен.

Според глобално истражување на Korn Ferry, 72% од високо позиционирани професионалци би аплицирале за нова можност само ако процесот е доверлив, нагласувајќи колку е важна оваа компонента за успешен headhunting.