Пасивни, но не и невидливи: Како да стигнете до талентот што сите го пропуштаат
Тривити тим
14.08.2025
Тривити тим
14.08.2025
Активните кандидати не се вашата единствена опција и најчесто не се најдобрите.
Вистинските “game-changer-и”? Тие не ги разгледуваат огласи. Не испраќаат CV-а. Тие се фокусирани на работа и прават одлични резултати во некоја друга компанија.
Ова се пасивни кандидати, и токму тие можат да бидат разликата меѓу „добар“ и врвен избор при вработување.
Но има еден предизвик: пасивните кандидати не реагираат на класични огласи и шематски пораки од рекрутери. Тие не бараат нова работа.
Па... како да ги натерате да ве чујат?
Еве ги четирите најчести грешки што ги прават компаниите и како ние во Тривити ги надминуваме.
Пасивните кандидати нема да одговорат на уште една клише порака во инбокс.
Понуди како „Имаме супер можност за вас“ - без контекст и без личен пристап, веднаш се бришат или игнорираат. А никој не си заминува од добра работа за „интересна понуда“.
Како ние ја будиме љубопитноста (а не изгледа како спам):
Секоја порака ја креираме за конкретниот човек, не за позицијата;
Почнуваме со „зошто е ова важно“ и зошто тие се важни за улогата;
Зборуваме на јазик што го разбираат технички профили, менаџери и креативци;
Пасивните кандидати одговараат на персонализација, не на притисок.
Талентираните луѓе не бркаат титули. Тие сакаат содржина, развој и јасна насока и организациска култура. Ако позицијата не се вклопува во нивната лична приказна, ќе одбијат, без двоумење.
Како од оглас правиме инспиративна понуда:
Ја претставуваме улогата преку влијание, предизвици и простор за раст;
Го опишуваме тимот, културата лидерскиот стил и вистински успеси;
Ги поставуваме вистинските прашања за да дознаеме што би ги мотивирало;
Не станува збор само за тоа „да звучи добро“. Треба да звучат како вистинската следна фаза во нивната кариера.
Дури и пасивните кандидати знаат да го разгледаат вистинскиот предлог ако им дојде во вистински момент.
Прашањето е: Кога е вистинскиот момент?
Нашиот пристап е темелен на стратегија, не на среќа:
Го познаваме пазарот на трудот и тоа многу добро; 😊
Редовно мапираме талент за да следиме кога има промени во интересите;
Одржуваме љубезна упорност, без да бидеме напорни;
Кога ќе забележиме сигнал на заинтересираност, реагираме брзо;
Дури и пасивните баратели веруваат во нас!
Пасивните кандидати имаат високи стандарди. Ако не веруваат во процесот, или не чувствуваат дека регрутерот ги разбира – едноставно ќе ве игнорираат.
Зошто кандидатите всушност сакаат да зборуваат со нас:
Доаѓаме подготвени, информирани и со почит кон нивното време
Поставуваме паметни прашања, не само „Колку години искуство имате?“
Секогаш даваме фидбек и ги следиме чекорите до крај
Луѓето велат „да“ кога се чувствуваат видени, не кога им се продава нешто.
Како Thrivity ви помага да стигнете до оние што никој не ги гледа?
Повеќето рекрутери трчаат по активните кандидати.
Ние градиме релации со пасивните, уште пред тие да размислат за промена.
Нашиот тим знае да комуницира со суптилност, да гради доверба и да ја претстави вашата понуда како логичен следен чекор во кариерата.
Без разлика дали:
Барате редок профил што ретко се појавува на пазарот
Сакате да се истакнете како добар работодавач
Ви здодеа од “достапни веднаш”, а никако “идеални” кандидати... ние знаеме како да започнеме вистински разговор што води до вистинско вработување.
📩 Сакаш да навлезеш во 80% од пазарот на трудот што другите го игнорираат?
Пиши ни на: info@thrivity.com.mk или закажи состанок: www.thrivity.com.mk