Новости

Кои ќе бидат најбараните професии на европскиот пазар до 2030 година?

Тривити тим

23.07.2025

Европа, како еден од најдинамичните економски региони, се соочува со забрзани промени на пазарот на трудот. Вештачката интелигенција, демографските промени и дигиталната трансформација ја редефинираат иднината на многу работните места.

Според истражувањава Европската комисија и Светскиот економски форум, до 2030 година ќе има значителна побарувачка за нови вештини и работни позиции кои не постоеја пред една деценија.

Најбрзорастечки и најбарани професии во Европа до 2030 година

Според анализа на Eurostat, CEDEFOP и LinkedIn Europe, европскиот пазар на труд ќе доминира од професии поврзани со технологија, дигитална трансформација, зелена енергија и грижа за населението. Подолу е прикажан преглед на најбараните професии кои ќе бележат значителен раст до 2030 година:

  • Data Analysts и Big Data специјалисти. - побарувачката е веќе зголемена за +45% во 2024 година.
  • AI / Machine Learning инженери -    Европа интензивно инвестира во развој на сопствена вештачка интелигенција – особено во Германија, Франција и Холандија.
  • Специјалисти за сајбер-безбедност - се очекува недостиг од над 350.000 професионалци до 2030 година во ЕУ поради зголемените сајбер закани и дигитализација.
  • Инженери за обновлива енергија -  зелената агенда на ЕУ ја поттикнува побарувачката за експерти во соларна, ветерна и електро-енергетска технологија.
  • UX/UI дизајнери и дигитални креативци - компаниите во ЕУ сè повеќе инвестираат во корисничко искуство, пристапност и дигитален дизајн.
  • Специјалисти за дигитална продажба (e-commerce, growth hackers) - Е-трговијата во Европа расте со над 30% годишно, што ја зголемува побарувачката за дигитални маркетери и продажни стратези.
  • Здравствени технолози и кадар за грижа за стари лица - Демографскиот тренд на стареење создава значителна потреба за медицински персонал и професионалци за долгорочна грижа.

Најплатени професии во Европа до 2030

Освен најбараните, некои работни позиции ќе станат и најплатени, според извештаите на Glassdoor Europe и Hays Salary Guide:

  • AI / Machine Learning Engineers – €80.000 до €150.000 годишно
  • Cybersecurity Experts – €70.000 до €130.000
  • Cloud Architects / DevOps Engineers – €75.000 до €140.000
  • Data Scientists – €65.000 до €120.000

Во Македонија, пазарот на труд сè повеќе се прилагодува на глобалните трендови, но сепак постојат и локални специфики. Според анализи на Агенцијата за вработување и податоци од водечките платформи за огласи, најбараните професии моментално се: ИТ специјалисти (особено software developers и системски администратори), комерцијалисти и продажни агенти, машински и електроинженери, возачи и дистрибутери, како и работници во производство и складишта. Дополнително, расте побарувачката за медицински персонал, градежни работници и техничари, но и стручни лица за човечки ресурси и маркетинг. Ова покажува дека македонскиот пазар сè повеќе ја цени техничката стручност, но и луѓето со комерцијални и комуникациски вештини.

Што значи ова за македонските професионалци и компании?

Иако Македонија не е дел од ЕУ, трендовите на пазарот директно нè засегаат, особено поради миграцијата, регионалните економски иницијативи (како Open Balkan), IPA фондовите, но и растот на nearshoring партнерствата со компании од Западна Европа.

➡️ Компаниите треба да инвестираат во преквалификација, tech-upskilling и стратешко регрутирање.

➡️ Професионалците треба да ги следат овие трендови и навреме да се адаптираат