• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација;
• Вработување во оптимален рок;
• Заштеда на време и ресурси;
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно;
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding;
• Дискретност и доверливост во водење на процесите
Thrivity е вашиот партнер за вработување каде ќе најдете тим, целосно посветен на развој на човечкиот потенцијал.
Нашето искуство во областа на човечки ресурси, регрутирање, маркетинг и организациски дизајн го ставаме на располагање на клиентот.
За секој клиент гарантираме уникатен процес и брз пристап до релевантни кандидати, како и подобрување на имиџот на брендот како работодавач.
За да бидеме сигурни дека ќе бидеме усогласени (на иста линија) во текот на целиот процес, ги почитуваме следните 3 правила:
1. Договор си е договор – Ние сме целосно посветени во работата и секогаш даваме 100%, но потребно е и вие да го правите истото. Само на тој начин ќе изградиме партнерски однос и ќе бидеме успешни заедно. Затоа најдобриот начин е однапред да ги договориме сите услови на соработката и доследно да ги почитуваме до крај на целиот процес.
2. Искреноста е најдобрата доблест – Нашата девиза секогаш е квалитет пред квантитет, нудиме искреност и транспарентност. Со нас нема скриени агенди, ниту пак напумпани CV-ја и лажни огласи. Фер е да кажеме дека истото го очекуваме и од другата страна.
3. Кој рано рани... – Во денешно време нема недостаток од можности за најдобрите таленти. Изборот е во нивни раце и не треба долго време за да донесат одлука. Затоа покрај квалитетот важна е и брзината, не само од наша страна, туку и од ваша.