Погрешен вработен e скапа грешка: Како да го избегнете тој ризик
На прв поглед, погрешно вработената личност може да изгледа како „само една плата што не се исплатила“. Но реалноста е многу посериозна. Според истражувања од Gallup и CareerBuilder, една лоша одлука за вработување може да ја чини компанијата повеќе од 40% од годишниот приход по вработен. Ако го пресметате тоа во апсолутни бројки, зборуваме за
На прв поглед, погрешно вработената личност може да изгледа како „само една плата што не се исплатила“. Но реалноста е многу посериозна. Според истражувања од Gallup и CareerBuilder, една лоша одлука за вработување може да ја чини компанијата повеќе од 40% од годишниот приход по вработен.
Ако го пресметате тоа во апсолутни бројки, зборуваме за над 50.000 евра годишно во загуби, преку пад на продуктивноста, зголемен обрт на кадар, негативно влијание врз тимската култура и време потрошено на повторна селекција.
Зошто се случуваат лоши вработувања?
Во многу компании, регрутацијата се одвива под притисок, брзо, без доволно време за проверка, без структуриран процес. Често, одлуките се базираат на „осет“ наместо на објективни податоци и јасни критериуми. Резултатот? Некој што добро изгледал на интервју, но не се вклопил, не испорачал, или брзо си заминал.
Како Thrivity го намалува ризикот од погрешна одлука?
Во Thrivity, селекцијата е структуриран процес, дизајниран да идентификува не само технички компетентен кандидат, туку и личност која се вклопува во вашата култура и долгорочни цели.
Што вклучува во нашиот процес?
- Детален брифинг со клиентот;
- Дефиниција на критериуми за успех;
- Поврзување на технички и бихевиорални компетенции;
- Интервјуа базирани на компетенции;
- Културолошка усогласеност;
Резултат?
- 95% стапка на задржување на вработените преку нас;
- Намалување на обртот;
- Подобар перформанс и побрза адаптација;
Со Thrivity, добивате повеќе од регрутер, добивате партнер кој знае како да избере вистински луѓе за вашиот тим.
Закажете бесплатна консултација и ќе разговараме за вашите потреби, ќе процениме како можеме да ви помогнеме да регрутирате попаметно и побрзо.
Контактирајте нè денес – затоа што вистинскиот човек вреди повеќе од секоја плата.