Со родова рамноправност до зголемена продуктивност и иновативност во компаниите
Тривити тим
27.03.2025
Тривити тим
27.03.2025
Kорпоративниот свет го обликуваат промени и тој полека добива нов лик. Податоците од почетокот на 2025 година ни даваат јасна слика за напредокот, но и за предизвиците кои нé очекуваат на патот кон еднакви деловни можности за сите бидејќи еднаквата родова застапеност, станува еден од предусловите за успех.
Во САД, само 10% од 500-те најуспешни компании се водени од жени. Во Европа, иако 60% од дипломираните студенти се жени, само 37% од нив стигнуваат до менаџерски позиции. Во Македонија, во академската 2022/2023 година, 57,5% од запишаните студенти – или 30.969 – биле жени. Според истражувањата на невладината организација Реaктор, 59% од дипломираните студенти се жени, исто толкав процент се магистри на науки, 57% доктори на науки но, 75% од работодавците се мажи. Во Македонија, најизразен е јазот во здравствениот сектор каде жените земаат 40% помала плата од своите машки колеги.
Според истражувањата на Gartner (реномирана истражувачка и консултантска компанија од САД), хибридните и флексибилните работни модели се веќе доминантни во водечките корпорации. Токму овие промени го отвораат патот за поголемо учество на жените во бизнисот, овозможувајќи им подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Во Тривити, секојдневно работиме со компании од регионот кои ги прифаќаат овие позитивни промени. Нивна мотивација се политиките на водечките глобални компании.
Родово - сензитивни политики и флексибилност
Еден од позитивните примери е Spotify: нивната одлука за одобрување шест месеци платено породилно отсуство (независно дали е таткото или мајката) уште во 2015 година беше изненадување за многумина. Со текот на годините стана дел од идентитетот на компанијата и позитивно го позиционираше брендот на глобално ниво. Неколку години подоцна, во 2021, Spotify воведе и Work From Anywhere политика со која вработените имаат право на флексибилнос на работното време и локација. Работата од дома и прилагодливите распореди стануваат клучни за привлекување и задржување на таленти – особено жени.
Поддршка за лидерски развој на жени
Гигантите Google и IBM претставија посебни програми за лидерски развој на жени кои вклучуваат поддршка со менторство, обуки, мрежно поврзување, флексибилност и можности за видливост, прилагодени за технички и лидерски раст.
Еднаква плата и можности
Adobe успеа да воспостави систем на еднаквост на платите (без разлика на полот) уште во 2018 - доказ дека овој систем може да се спроведе. Неколку години подоцна, IKEA се обврза и успеа да оствари 50% застапеност на жените на лидерските позиции.
Goldman Sachs ја започна иницијативата „10,000 Women“ уште во 2008 година, со цел охрабрување и поддршка на жените претприемачи ширум светот, особено во земјите во развој. Инцијативата охрабрува и подржува: раст на бизниси водени од жени, програми кои им помагаат на жените да ги развијат своите мали или средни бизниси, кои често се соочуваат со пречки како недостаток на капитал, знаење, економска независност и сл.
Родовата еднаквост не е само етичко прашање, како што често се врамува, таа претставува и бизнис предност. Истражувањата покажуваат дека разновидните тимови се поиновативни и попродуктивни, а ние им помагаме на компаниите да го разберат и имплементираат тоа.
Преку нашиот холистички пристап кон регрутирање и бизнис развој, ги поврзуваме компаниите со таленти и создаваме стратегии кои го имаат човечкиот капитал во центарот.
Нашите три совети се:
Спроведете правични политики: Од флексибилни услови до транспарентни плати, овие чекори привлекуваат врвни таленти.
Инвестирајте во жени лидери: Менторството и обуките се клучни за нивен раст - без можноста за правилен развој и инвестирање во нив, ризикувате да имате голем неискористен потенцијал.
Градење инклузивна култура: Компаниите кои ги вреднуваат вработените, независно на полот, се оние кои победуваат на пазарот.
Нашето искуство во работата со многу домашни и странски организации ни потврдува дека промените почнуваат од нас. Затоа, ве повикуваме: приклучете се на бранот на позитивни промени! Ако сте компанија која сака да привлече и задржи таленти, ако сте лидер кој сака да направи разлика и доколку сакате да ги следите светските трендови, нашите тимови постојат за да ве поддржат во создавањето бизнис кој ќе успее да го оствари целосниот потенцијал.