Останато

Дејан Ваневски гостин на панел дискусија на 22-та Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа’’

Тривити тим

30.09.2024

На 22 издание на Меѓународната младинска конференција која се одржa од 26-ти до 30-ти септември 2024 година, во Крушево, честа да се претстави пред повеќе од 80 млади лица ја имаше Дејан Ваневски. Тој учествуваше на панел дискусијата „Дигитални патеки за младински можности: Истражување на патеката за економско зајакнување на младите“, и говореше за улогата на дигиталните платформи, преку споделување на регионални можности за образование, вработување и мобилности.

Дејан и останатите панелистити дискутираа за клучните стратегии за подобрување на економскиот статус на младите. Истакна дека клучните бихејвиорални компетенции се важни за младите луѓе на почетокот на нивната кариера од кои најважни се: тимска работа, резилиентност, флексибилност, познавање на технологии и емпатија.

Компаниите ќе продолжат да бараат таленти од целиот свет, а младите треба да бидат подготвени да се натпреваруваат на тоа ниво.

Исто така ги охрабри младите приустни да не се плашат, да започнат да работат уште од студентски денови. „За време на студиите добиваме знаење, тоа што компаниите го ценат е применливо знаење - компетенција. ‘’Не се срамите да почнете од пониски позици. Стекнете вистинско работно искуство, кое ќе помогне да изградите компетенции кои ќе го помогнат развојот на вашата кариера на долг рок. Учете, развивајте се и заработувајте - чекор по чекор.’’

„Оваа година, конференцијата беше посветена на визијата 'Отклучување на визијата на младите за Југоисточна Европа 2050'’. Оваа конференција покажа дека гласот на младите мора да биде вклучен во регионалните процеси кои влијаат врз нивната иднина .“