Брзо вработување наспроти правилно вработување
Тривити тим
07.02.2025
Тривити тим
07.02.2025
Кога работната позицијата останува отворена премногу долго, целиот тим ја чувствува тежината на недостатокот. Колегите преземаат дополнителни одговорности, стресот расте, а ефикасноста и мотивацијата почнува да опаѓа. Во такви ситуации, многу компании се соочуваат со дилемата: брзо да го пополнат работното место или да се посветат на правилен избор на кандидатот преку ангажирање на агенција за регрутирање и вработување.
Зошто брзината може да биде клучна?
Празните позиции значат изгубено време и пари. За да се избегне товарот врз тимот, брзото вработување може да биде логичен чекор.
Но, тука лежи ризикот: кандидат кој не е соодветен може да доведе до нови проблеми – демотивирани тимови, недоволна ефикасност и повторување на процесот на регрутација.
Зошто правилното вработување е најдобриот избор?
Квалитетната регрутација бара време за:
Детално разбирање на позицијата и културата на компанијата.
Прецизно идентификување на потребните компетенции.
Темелна селекција на кандидати кои долгорочно ќе придонесуваат за успехот на организацијата.
Кога ќе се направи вистинскиот избор, тимот добива не само нов член, туку и дополнителна вредност која го зајакнува целокупниот учинок.
Како Thrivity ги комбинира брзината и квалитетот?
Thrivity е приватна агенција за вработување која го познава пазарот на труд и може да ги пронајде луѓето кои ви се потребни.
Го разбираме вашиот тим и потребите на позицијата.
Ги филтрираме кандидатите според културолошката соодветност и компетенциите.
Просечно време за пополнување на работна позиција е 28 дена.
За секој клиент гарантираме уникатен процес и брз пристап до релевантни кандидати, како и подобрување на имиџот на брендот како работодавач.
Вработувањето не мора да биде компромис меѓу брзина и вистински избор.
Со правилна стратегија и партнер како Thrivity, може да го добиете најдоброто од двата света.