Q4 тропа на врата: Како да ја затворите годината со вистинските луѓе во тимот?
Плановите за вработување кои беа оставени „за подоцна“ одеднаш станаа „за денес“. Влегуваме во Q4, еден од најдинамичните периоди во годината. Во Thrivity, нашиот фокус за овој квартал е јасен: “Performance & Results”. Компаниите кои се подготвуваат рано, ги пополнуваат клучните позиции пред да започне празничното забавување во декември. Еве 5 клучни чекори како да

Плановите за вработување кои беа оставени „за подоцна“ одеднаш станаа „за денес“.
Влегуваме во Q4, еден од најдинамичните периоди во годината. Во Thrivity, нашиот фокус за овој квартал е јасен: “Performance & Results”. Компаниите кои се подготвуваат рано, ги пополнуваат клучните позиции пред да започне празничното забавување во декември.
Еве 5 клучни чекори како да го направите последниот квартал од годината најуспешен досега:
1. Дејствувајте веднаш: Времето е пократко отколку што изгледа. Q4 звучи долго, но кога ќе ги пресметате отказните рокови, времето за онбординг и декемврискиот застој, вистинскиот прозорец за регрутација е поблиску до 8-10 недели. Најдобрите лица се отворени за нови предизвици токму сега. Ако чекате до крајот на октомври, ќе се натпреварувате за нив кога веќе ќе биде доцна. Нашата примарна одлика е брзина и ефикасност, не оставајте ги клучните позиции да чекаат.
2. Поставете јасни приоритети (Не секоја позиција е иста). Поделете ги вашите отворени позиции во три категории: критични (го блокираат бизнисот), важни (потребни за раст) и “nice-to-have”. Фокусирајте ја вашата енергија на критичните! Обидот да се пополни сè одеднаш, најчесто значи дека ништо нема да се пополни квалитетно. За вашите најважни лидерски позиции, нашата Executive Search услуга ви гарантира резултати преку строго профилирање.
3. Оптимизирајте го процесот пред да го објавите огласот. Најголемата причина зошто вработувањата пропаѓаат во Q4 не е недостатокот на кандидати, туку бавниот процес. Пред да отворите позиција, договорете се интерно: кој ќе ги води интервјуата и колку брзо ќе давате фидбек. Со нашиот строг филтер на селекција и културолошка проверка, ви штедиме време и го намалуваме ризикот од погрешно вработување.
4. Оглас не е регрутација! Најсилните кандидати во Q4 најчесто се пасивни. Податоците покажуваат дека помеѓу 70% и 80% од глобалната работна сила се пасивни кандидати кои не ги привлекуваат огласите. Како ваш стратешки партнер ние проактивно пристапуваме до вистинските таленти и го детектираме нивниот потенцијал.
5. Бидете искрени за капацитетот на вашиот HR тим. Бидете реални околу тоа колку вработувања може да поднесе вашиот тим покрај сите обврски пред затворање на годината. Знаеме колку HR директорите можат да бидат затрупани со администрација. Ние не сме тука за да го замениме вашиот внатрешен тим, ние сме стратешки партнер кој го надополнува тимот за специфични и тешки позиции.
Вработувањето во Q4 бара подготовка, брзина и вистински досег. Остварете ги резултатите и целите со вистинските луѓе!
Дали сте подготвени за силен финиш на годината?
👉 Закажете состанок со нашиот тим!
Срдечен поздрав,
Тимот на Thrivity
Вашиот партнер за вработување