1. ПРЕДИЗВИКОТ: Повеќе од само администратор

Нашиот клиент, голема интернационална компанија со фабрика во Скопје, бараше личност која ќе биде лидер на секторот и вистински стратешки бизнис партнер во компанијата.

Предизвикот беше да се најде професионалец кој ги разбира спецификите на производствениот сектор, поседува менаџерска зрелост и искуство во прилагодување на локалните процеси со строгите глобални стандарди. Беше потребен „хибриден“ профил: личност со силна емоционална интелигенција, но и со аналитички ум за следење на клучните индикатори на успешност и управување со буџети.

2. СТРАТЕГИЈАТА: Професионалниот пристап на Thrivity

Наместо пасивно чекање апликации, применивме комбинирана проактивна стратегија:

  • Мрежа на контакти: Остваривме директен пристап до пасивни кандидати (кои, всушност, сочинуваат 70% до 80% од пазарот на труд) кои веќе имаат докажан успех во компании со голем број вработени.
  • Thrivity модел на селекција: Користевме докажана методологија за евалуација на бихевиоралните компетенции, ставајќи посебен фокус на културата на личноста и разбирањето на потребите на организацијата и менаџментот.
  • Маркетинг на работодавецот: Ја позициониравме компанијата како средина искрено ориентирана кон луѓето, привлекувајќи ги најдобрите таленти преку вистинските вредности што ги нуди клиентот.

3. ПРОЦЕСОТ: Брзина базирана на доверба

Клучот за успехот на овој проект беше максималната транспарентност и цврстата меѓусебна доверба со клиентот.

  • Квалитет пред квантитет: Иако имавме голем број пријавени, нашиот тим направи строга селекција на 11 врвни кандидати. Од нив, 6 ги исполнија сите професионални и лични критериуми за првото интервју со претставници на клиентот.
  • Ефикасна селекција: По првиот круг, 3 кандидати влегоа во потесниот избор за второ интервју, каде детално се евалуираше агилностa и културолошкиот фит на кандидатите.
  • Резултат: Целиот процес, од отворање на огласот до потпишан договор, беше успешно затворен за вкупно 35 дена.

4. РЕЗУЛТАТОТ: Квалитетен избор

Договорениот кандидат не само што ги поседуваше неопходните технички вештини, туку покажа и исклучително ниво на емпатија и менаџерска зрелост. Агилниот карактер и претходното работно искуство во слична компанија, беа еден од пресудните елементи за избор на овој новиот лидер во секторот за човечки ресурси, од кој се очекуваат успеси.

„Процесот течеше лесно затоа што клиентот нè гледаше како свој партнер. Кога има доверба, резултатите доаѓаат брзо.“ – Дејан од Thrivity

Зошто Thrivity?

За разлика од традиционалните агенции кои само процесираат биографии, ние не „продаваме“ документи. Ние ви штедиме време и го намалуваме ризикот од погрешно вработување преку нашиот уникатен модел на сеопфатна евалуација и културолошка проверка.

Дали и вашиот тим има потреба од развој на вашиот човечки капитал?

Контактирајте нè за соработка!