Gen Z не доаѓаат, тие се веќе тука: Импресии од PowerToHR Самитот во Косово

Светот на човечките ресурси се менува со невидена брзина, а изминатите два дена Приштина беше епицентарот на овие промени. Тимот на Thrivity имаше чест да биде дел од настанот – PowerToHR, каде професионалци од целиот регион се собраа да дискутираат за иднината на работата. „Gen Z is already here“ – Пораката која одекна Нашиот колега

Gen Z

Светот на човечките ресурси се менува со невидена брзина, а изминатите два дена Приштина беше епицентарот на овие промени. Тимот на Thrivity имаше чест да биде дел од настанот – PowerToHR, каде професионалци од целиот регион се собраа да дискутираат за иднината на работата.

„Gen Z is already here“ – Пораката која одекна

Нашиот колега Дејан Ваневски, го одржа својот говор на една интересна тема за Gen Z генерацијата. Тој ги пренесе реалните предизвици со кои се соочуваме секојдневно во регрутацијата. Низ примери од неговата долгогодишна пракса во Thrivity и ги истакна најчестите сценарија кои ги „плашат“ менаџерите.

„Традиционалниот модел на регрутација е мртов. Денешните кандидати не бараат само работа; тие бараат автентичност, емпатија и компании чии вредности се поклопуваат со нивните,“ истакна Дејан за време на својот настап.

Клучни заклучоци од настанот:

  1. Крај на пасивното огласување: Компаниите кои само објавуваат огласи и чекаат апликации веќе заостануваат. Иднината е во активниот регрутмент маркетинг, вештачката интелегенција во процесите за вработување и стратешкото ловење таленти (Headhunting).
  2. Employer Branding како суштина, а не шминка: Кандидатите имаат вграден „детектор“ за лажен корпоративен жаргон. Тие сакаат да ја видат реалната култура на компанијата пред да аплицираат.
  3. Емпатијата е новиот професионализам: Во Thrivity цврсто веруваме дека најдобрите резултати доаѓаат кога професионализмот ќе се спои со малку едукација и многу емпатија. Ова беше потврдено од многубројните дискусии со колегите од Македонија и регионот.

Настанот во Косово беше совршена прилика да го покажеме нашиот специфичен пристап. Ние не сме обична агенција за вработување, ние сме стратешки партнери кои им помагаат на компаниите да се подготват за 2026 година и понатаму.

Сакаме да упатиме огромно БРАВО до организаторите на PowerToHR за беспрекорната организација. Беше вистинско задоволство да се сподели сцената со толку инспиративни говорници и да се почувствува енергијата на заедницата која искрено сака да го направи светот на работата подобро место.