Како недостигот на клучни луѓе станува главен проблем за македонските компании

Секоја година, компаниите и луѓето во нив започнуваат со истиот ентузијазам: нови цели, поголеми таргети и стратегија за раст. Сепак, само неколку месеци подоцна, многу македонски компании се соочуваат со истата бариера. Проблемот не е во недостатокот на идеи или капитал, туку во неможноста тие идеи да се спроведат на дело. Неодамнешната анкета на Thrivity

Секоја година, компаниите и луѓето во нив започнуваат со истиот ентузијазам: нови цели, поголеми таргети и стратегија за раст. Сепак, само неколку месеци подоцна, многу македонски компании се соочуваат со истата бариера. Проблемот не е во недостатокот на идеи или капитал, туку во неможноста тие идеи да се спроведат на дело.

Неодамнешната анкета на Thrivity спроведена меѓу деловната заедница потврди дека ова е реален проблем. Дури 68% од менаџерите изјавија дека најголемата бариера за нивниот раст оваа година е недостигот на клучни луѓе.

Кога зборуваме за недостиг на клучни луѓе, ние во Thrivity не мислиме само на празни позиции во организационата структура. Разбираме дека зад секоја отворена позиција стојат лидери и тим кои веројатно предолго работат прекувремено и го носат товарот на „столчето што е празно“.

1. Менаџери кои го жртвуваат своето време. Наместо да се фокусираат на визијата и стратегијата, многу сопственици на бизниси се заглавени во секојдневни оперативни задачи. Ова не е само деловен проблем, туку и личен, а тоа значи помалку време за семејството и пријателите, како и постојан стрес дека нешто ќе се пропушти бидејќи немаат соодветен партнер на кој можат со доверба да му препуштат одговорност.

2. Преоптоварување на тимот и грижа за луѓето. Кога клучните позиции се празни, товарот паѓа на постоечките вработени. Како лидери, најтешко е да гледате како вашите најдобри луѓе „прегоруваат“ (burnout) обидувајќи се да покријат две или три работни места. Тоа влијае на атмосферата, на меѓучовечките односи и на крајот, на среќата на самиот тим.

3. Цената на пропуштените моменти. Најголемиот трошок во бизнисот не е платата. Тоа се можностите што ги пропуштаме затоа што сме премногу изморени или недоволно екипирани. Секој нов проект што се одложува за „подобри времиња“ е чекор назад во развојот на една компанија која има потенцијал да биде лидер.

Зошто е тешко да се најде „вистинскиот“ човек?

Реалноста на македонскиот пазар е дека квалитетните професионалци и искусни менаџери ретко се наоѓаат како активни баратели на работа на пазарот на труд. Тие не ги прегледуваат огласите за работа.

Многу компании прават грешка обидувајќи се да најдат соодветни луѓе за клучни позиции со традиционални методи (огласи). Резултатот е често правење компромис при вработување, избор на кандидат кој само делумно одговара на потребите, што на долг рок носи повеќе штета отколку корист.

Како да се надмине ова?

За да се оствари планираниот раст во 2026, компаниите мора да го променат пристапот. Ова подразбира:

Реална проценка на внатрешниот капацитет: Дали тимот што го имате денес може да ги изнесе целите за утре?

Проактивно барање таленти: Наместо чекање апликации, потребно е активно мапирање на професионалците во индустријата.

Фокус на културолошко вклопување: Покрај вештините, клучниот човек мора да ги дели вредностите на компанијата за да остане долгорочно.

Бизнис планот вреди онолку колку што вреди тимот кој треба да го реализира. Ако 68% од пазарот веќе го идентификува овој проблем, време е да се запрашаме: дали сме подготвени за реализација на нашите планови?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *