• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација
• Вработување во оптимален рок
• Заштеда на време и ресурси
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding
• Дискретност и доверливост во водење на процесите
Обезбедуваме решенија за регрутирање што ги поврзуваат вистинските луѓе со вистинските позиции. Без разлика дали станува збор за оперативни, административни или раководни позиции, нашите уникатни процеси на пронаоѓање, селекција и профилирање ви заштедуваат време и ресурси, а воедно обезбедуваат висококвалитетни кандидати кои одговараат на вашата организациска култура и придонесуваат кон успехот на вашиот бизнис.
Ви штедиме време и ресурси кои ви се потребни за да дојдете до потенцијалните кандидати. Следејќи ги насоките кои ни ги давате, ги носиме вистинските луѓе до вашата врата.
• Рекрутмент маркетинг план
• Иницијално профилирање врз основа на CV
• Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
• Активно следење на целиот процес до вработување
Највисок квалитет во рекрутмент маркетинг и регрутирање со цел промовирање на вредноста на компанијата како работодавач, како и привлекување и задржување на таленти.
• Повеќемесечен рекрутмент маркетинг план (промоција на компанијата како место за работа)
• Посветен тим на консултанти од областа на регрутација и маркетинг
• Иницијално профилирање врз основа на CV
• Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
• Активно следење на целиот процес до вработување
Предлагаме квалитет пред квантитет. Нашиот уникатен процес на регрутирање ви дава гаранција дека ја носите вистинската одлука при изборот на нов вработен, во оптимален рок
• Рекрутмент маркетинг план
• Иницијално профилирање врз основа на CV
• Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
• Организација и спроведување на второ интервју
• DiSC Personality and behavioural assessment (по барање на клиент)
• Активна поддршка во процесот до вработување
Ги користиме нашите ресурси, професионална мрежа на контакти, искуство во пристапување до пасивните работобаратели, како и експертско знаење при детектирање и привлекување на посакуваните таленти и професионалци.
• Иницијално профилирање и контакт со кандидати врз основа на истражување
• Рекрутмент маркетинг план (по барање на клиент)
• Иницијално профилирање врз основа на CV
• Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
• Организација и спроведување на второ интервју
• DiSC Personality and behavioural assessment (по барање на клиент)
• Активна поддршка во процесот до вработување
• Објавување на еден оглас на нашата платформа
• Огласот е активен до 30 дена
• Спонзорирано и таргетирано промовирање на нашите социјални мрежи
• Совети за креирање на оглас
• Неограничен број на огласи на нашата платформа за 1 година (од моментот на првиот оглас)
• Огласот е активен до 30 дена
• Спонзорирано и таргетирано промовирање на 20 огласи на социјалните мрежи
• Дизајн на огласи
• Совети за креирање на оглас и обука за користење на Тривити платформа за регрутирање
• Политика на фер користење – објавување најмногу 8 огласи месечно
Со цел да обезбедиме усогласеност, ефикасност и високи стандарди во текот на целиот процес, нашата соработка се темели на следните принципи:
Целосно сме посветени на секој ангажман и работиме со максимална одговорност и професионалност. За успешно партнерство, неопходно е однапред јасно да ги дефинираме условите на соработката и доследно да ги почитуваме од двете страни во текот на целиот процес.
Нашиот пристап се базира на принципот квалитет пред квантитет, со целосна искреност и транспарентност во комуникацијата. Обезбедуваме прецизни и реални информации, без компромис во однос на професионалните стандарди и очекуваме исто ниво на отвореност и интегритет од нашите партнери.
Пазарот на труд е динамичен, а врвните таленти носат одлуки во кратки рокови. Затоа, покрај квалитетот, клучна е и навремената комуникација и брзото носење одлуки од двете страни, со цел да обезбедиме успешност и конкурентност при селекцијата.
Довербата и долгорочните партнерства што ги градиме се најдобра потврда за квалитетот на нашата работа.
Прочитајте што велат нашите клиенти за професионалноста, посветеноста и резултатите што ги постигнуваме заедно.
Тривити е нашиот талент партнер во пронаоѓање квалификуван кадар за нашата организација. Поседуваат високо ниво на професионализам и еспертиза и затоа сме сигурни дека успешно ќе ја завршат работата во пронаоѓање на вистинските луѓе за вистинските работни позиции.

Со Thrivity имаме долгорочна соработка за пополнување на неколку позиции согласно развојот на нашата компанија. Истата беше исклучително професионална, ефикасна и доверлива. За многу кратко време, благодарение на нивниот сериозен пристап и разбирање на нашите потреби, успеавме да најдеме идеален кандидат за клучна позиција. Особено ни остави впечаток нивниот проактивен начин на работа и континуираниот фидбек. Апсолутно ги препорачуваме – веќе и го правиме тоа.

АЛБО ДОО, компанија за производство и увоз на заштитна опрема, со помош на стручноста на Агенција Тривити, успеа да изгради тим кој значително го унапреди нашето работење во Македонија. Заради нивната посветеност и ефикасност, ја прошируваме соработката и на други пазари. Топло ги препорачуваме.

Тимот на Тривити се вистински експерти во својата област. Тие даваат комерцијално фокусирани совети и решенија кои се апсолутно прилагодени за нас и за потребите на бизнисот. Тривити се одличен бизнис и HR партнер на нашата компанија.

Многу сме задоволни од професионалниот однос при процесот на селекција на кандидатите. За бараните места со што заштедуваме време. Интервјуата ги изведуваат професионално и посветено. Тимот на Тривити е љубезен, достапен и целосно посветен на изнаоѓање на вистински решенија за потребите на секоја компанија и за секоја позиција оделно.

Изненаден бев од професионалниот пристап на Тривити кон пазарот на труд и начинот на водење на процесот. Успеавме да го избереме и поставиме вистинскиот човек на вистинско место, со кој веќе една година успешно работиме и остваруваме раст на бизнисот во земјата и странство.
