• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација;
• Вработување во оптимален рок;
• Заштеда на време и ресурси;
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно;
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding;
• Дискретност и доверливост во водење на процесите
Тривити користи напредни AI алатки за автоматизација на процесот на регрутација. AI-поддржано за анализа на биографии (CV) и класификација на кандидати.
Ова овозможува побрза, попрецизна и ефикасна селекција, обезбедувајќи ви ги најдобрите таленти.
Можност за период на гаранција 60 дена по вработување
Период на гаранција 120 дена по вработување
За да бидеме сигурни дека ќе бидеме усогласени (на иста линија) во текот на целиот процес, ги почитуваме следните 3 правила:
1. Договор си е договор – Ние сме целосно посветени во работата и секогаш даваме 100%, но потребно е и вие да го правите истото. Само на тој начин ќе изградиме партнерски однос и ќе бидеме успешни заедно. Затоа најдобриот начин е однапред да ги договориме сите услови на соработката и доследно да ги почитуваме до крај на целиот процес.
2. Искреноста е најдобрата доблест – Нашата девиза секогаш е квалитет пред квантитет, нудиме искреност и транспарентност. Со нас нема скриени агенди, ниту пак напумпани CV-ја и лажни огласи. Фер е да кажеме дека истото го очекуваме и од другата страна.
3. Кој рано рани... – Во денешно време нема недостаток од можности за најдобрите таленти. Изборот е во нивни раце и не треба долго време за да донесат одлука. Затоа покрај квалитетот важна е и брзината, не само од наша страна, туку и од ваша.
Знаеме, понекогаш е потребно повеќе од листа на компании со кои соработуваме за да ве убеди да ни ја дадете довербата.
Прочитајте дел од коментарите на нашите клиенти.