Како да аплицираш за работни позиции?
Твоето CV или Curriculum vitae (лат. „приказна на мојот живот“) е првиот впечаток кој го оставаш кај потенцијалните работодавачи. Тоа е алатка со која имаш можност да се претставиш како личност и професионалец со твоите вештини и интереси за да ја започнеш или надградиш твојата кариера.
Со Thrivity имаш можност да аплицираш на конкурси за работа на два начини.
Со прикачување на CV во во формата подолу аплицираш за конкретна работна позиција која ќе ја наведеш во описот, по што твоето CV ќе биде проследено до компанијата за која аплицираш.
Доколку немаш CV, а сакаш да си обезбедиш присуство на пазарот на труд 24/7 и да добиваш понуди за работа без да аплицираш на огласи, креирај твој профил на Thrivity
Ако ти е потребна поддршка при креирање на профил јави се на: 070 302 794
Thrivity ти овозможува да пронајдеш работа според твоите критериуми, комплетно бесплатно, без да аплицираш на огласи за работа. Со самото креирање и комплетирање на Thrivity CV ти си поставен/а на пазарот на труд 24/7.
Нашиот софтвер нон стоп аплицира за тебе на сите отворени работни позиции на кои се бараат твоите способности искуства. Твое е да креираш CV и потоа само да одбираш.
Ти ги наведуваш твоите знаења и способности во CV форма, додека компаниите ги наведуваат своите потреби и барања. Thrivity потоа автоматски ги поврзува компатибилните барања и можности и ти испраќа понуда за средба со компанијата.
Процесот е комплетно анонимен сѐ до моментот кога ти ќе ја прифатиш понудата за средба и ќе се согласиш да го откриеш твојот идентитет. Дотогаш, компаниите ги гледаат и одбираат само твоите способности и искуства. Објективно, без предрасуди и врски. Истовремено, ти добиваш целосен увид во компанискиот профил и огласот за вработување од кој е испратено барањето за контакт.
Објективноста во селекцијата и заштитата на податоците на сите кандидати за вработување за нас се од големо значење.
Едноставно, кога компанијата ќе испрати барање за контакт ти ќе добиеш нотификација на SMS, со линк до твојот личен профил каде ќе можеш да ја видиш компанијата и огласот за вработување и да го прифатиш или одбиеш барањето за контакт.
Со Thrivity можеш да избереш „следна посакувана работна позиција“. Со пополнување на ова поле ќе конкурираш на огласи за работа кои се соодветни на твојата идна посакувана работна позиција.
Thrivity ти дава можност да одбереш дали активно бараш работа или не, и тој статус можеш да го менуваш во секое време.
Тука сме да го промениме традиционалниот модел на барање на работа. Повеќе не треба да следиш огласи, да испраќаш мејлови и пишуваш кавер писма. Ние сме тука да те поврземе со компаниите кои имаат потреба од твоите способности и познавања, објективно, брзо и сигурно.