Thrivity CV

Како да аплицираш за работни позиции?

Thrivity CV

Vaš CV ili Curriculum vitae (lat. "priča o mom životu") je prvi utisak koji ostavljate na potencijalne poslodavce. To je alat pomoću kojeg imate priliku da se predstavite kao osoba i profesionalac sa svojim veštinama i interesovanjima da biste započeli ili unapredili svoju karijeru.

So Thrivity imate priliku da se prijavite na konkurse za posao na dva načina.

1.Prikačite CV

Prikačivanjem svog CV obrasca ispod, prijavljujete se za određeno radno mesto koje ćete navesti u opisu, nakon čega će vaš CV biti prosleđen kompaniji za koju se prijavljujete.


2. Thrivity CV

Доколку немаш CV, а сакаш да си обезбедиш присуство на пазарот на труд 24/7 и да добиваш понуди за работа без да аплицираш на огласи, креирај твој профил на Thrivity

Ако ти е потребна поддршка при креирање на профил јави се на: 070 302 794

Зошто да креираш профил на Thrivity?

Thrivity ти овозможува да пронајдеш работа според твоите критериуми, комплетно бесплатно, без да аплицираш на огласи за работа. Со самото креирање и комплетирање на Thrivity CV ти си поставен/а на пазарот на труд 24/7.

Нашиот софтвер нон стоп аплицира за тебе на сите отворени работни позиции на кои се бараат твоите способности искуства. Твое е да креираш CV и потоа само да одбираш.

Како функционира поврзувањето со компаниите?

Ти ги наведуваш твоите знаења и способности во CV форма, додека компаниите ги наведуваат своите потреби и барања. Thrivity потоа автоматски ги поврзува компатибилните барања и можности и ти испраќа понуда за средба со компанијата.

Процесот е комплетно анонимен сѐ до моментот кога ти ќе ја прифатиш понудата за средба и ќе се согласиш да го откриеш твојот идентитет. Дотогаш, компаниите ги гледаат и одбираат само твоите способности и искуства. Објективно, без предрасуди и врски. Истовремено, ти добиваш целосен увид во компанискиот профил и огласот за вработување од кој е испратено барањето за контакт.

Објективноста во селекцијата и заштитата на податоците на сите кандидати за вработување за нас се од големо значење.

Како ќе знаеш дека некоја компанија сака да стапи во контакт со тебе?

Едноставно, кога компанијата ќе испрати барање за контакт ти ќе добиеш нотификација на SMS, со линк до твојот личен профил каде ќе можеш да ја видиш компанијата и огласот за вработување и да го прифатиш или одбиеш барањето за контакт.

Со Thrivity можеш да избереш „следна посакувана работна позиција“. Со пополнување на ова поле ќе конкурираш на огласи за работа кои се соодветни на твојата идна посакувана работна позиција.

Thrivity ти дава можност да одбереш дали активно бараш работа или не, и тој статус можеш да го менуваш во секое време.

Thrivity е тука за луѓето.

Тука сме да го промениме традиционалниот модел на барање на работа. Повеќе не треба да следиш огласи, да испраќаш мејлови и пишуваш кавер писма. Ние сме тука да те поврземе со компаниите кои имаат потреба од твоите способности и познавања, објективно, брзо и сигурно.