Како можеме да помогнеме? Пребарувајте ги нашите често поставувани прашања за THRIVITY.
Вашата биографија можете да ја прикачите на линкот во огласот или на Thrivity-CV со што ние за вас ќе креираме профил кој активно учествува во спојување со огласите.
Веднаш по креирањето на профлиот, ќе добиете порака на Вашата е-пошта со информации за најавување и користење на профилот.
Ваш личен профил на THRIVITY всушност значи креирање на Вашата професионална биографијаа која ќе можете да ја менувате/ажурирате според вашите потреби и во иднина да ja превземете во PDF формат за да ја користите и надвор од платформата.
За да се логирате на THRIVITY, најпрво го пополнувате делот за регистрирање со клик на копчето “Најави се или креирај профил“ и потоа “Креирај профил“.
Во истиот момент во горниот дел на екранот се појавува порака (во вид на pop up) која Ве информира дека ќе добиете e-mail со потврда за регистрација.
Отворете го тој е-mail и кликнете на линкот за верификација. На овој начин Вашата регистрација е успешна.
Откако ќе ја потврдите регистрацијата, кликнете на „Најави се” и започнете со креирање на Вашиот профил.
„Работна позиција“ од понудените работни позиции Ви предлагаме да ја изберете онаа која е најблиску до Вашата. Доколку ниту една од понудените не одговара, одберете „Друго“ и впишете ја посакуваната работна позиција. Оваа информација ќе биде разгледана од нашиот центар за поддршка на корисници.
THRIVITY покрива повеќе од 60 подиндустрии. Ви предлагаме да ја изберете онаа која е најблиску до Вашата. Доколку ниту една од понудените не одговара, одберете „Друго“ и впишете ја посакуваната подиндустрија. Оваа информација ќе биде разгледана од нашиот центар за поддршка на корисници.
Листата на потенцијални кандидати што ја добиваат компаниите, по објавениот оглас е комплетно анонимна. Компаниите не се во можност да ги видат личните информации на кандидатот.
Ако компанијата сака да им пристапи на некои од предложените профили, испраќа барање за контакт, по што кандидатот има опција да го прифати или одбие барањето.
Кандидатот ќе биде во целост видлив за компанијата само ако тој/таа го прифатат барањето за контакт.
THRIVITY Ве спојува со огласите за работа земајќи во предвид 2 од Вашите работни позиции:
– Последната/сегашната (во секцијата КАРИЕРА)
– Следната посакувана (во секцијата СЛЕДНА КАРИЕРА)
За овие работни позиции (доколку се избрани од предложената листа), постојат веќе преддефинирани компетенции по кои треба да се оцените.
Останатитe работни позиции кои Ви се наведени од претходното работно искуство, ќе останат дел од Вашето CV, но нема да влијаат на спојувањето и немаат преддефинирани компетенции.
Така, според критериумите наведени во Вашиот личен профил, THRIVITY Ве поврзува со соодветните огласи за работа.
Корекции во Вашиот профил можете да направите во било кое време, преку избирање на опцијата:
УРЕДИ ЛИЧЕН ПРОФИЛ, избор на соодветната секција и корекција на полето кое сакате да го измените.
За креирање на личен профил на THRIVITY важно е лицето да има наполнето 18 години т.е. да е полнолетно.
Вашиот личен профил можете да го избришете со селектирање на опцијата “Избриши го мојот профил“ која ќе се појави со клик на профилната слика во горниот десен агол во паѓачкото мени
Исто така, бришење на профилот е возможно со испраќање на барање до центарот за грижа за корисници ( на e- mail support@thrivity.mk) и истиот ќе биде избришан од базата на THRIVITY во рок од 72 часа.
Доколку не сте активен барател на работа, можете да креирате личен профил. При креирањето, на последната страница на прашањето Активно барам работа, од опцијата Да/Не, изберете Не.
На овој начин не барате активно работа, но можете да ја искористите платформата за креирање на професионално CV и за да бидете во тек со едукативните содржини кои ќе бидат објавени.
Креирање на личен профил на THRIVITY е бесплатно засекогаш.
Вашиот идентитет на THRIVITY е скриен и се прикажува исклучиво во ситуации кога ќе одлучите да прифатите барање за контакт од компанијата која Ви го испратила. Тоа значи дека активно сте присутни на пазарот на трудот, но само Вие одлучувате кој и кога може да ја дознае таа информација.