Од индустриска револуција до хибридна револуција: Редизајнирање на работата за иднината
Тривити тим
30.09.2024
Тривити тим
30.09.2024
Во 1920 година, социологот Макс Вебер го опишал длабокото влијание на Индустриската револуција врз општеството, особено како таа го одвои домот од работата. Фабриките ги заменија семејните работилници, создавајќи при тоа јасна поделба помеѓу приватниот живот и професионалните должности. Денес, се наоѓаме во фаза на слична радикална промена - не назад кон семејни работилници, туку кон хибридна работа, спојувајќи ги канцеларискиот и домашниот живот на начини на кои Вебер никогаш не можел да замисли.
Но, тука има една финта: додека компаниите се обидуваат да го прифатат новиот модел на хибридна работа, многу од нив ја пропуштаат пошироката слика. Не станува збор само за тоа каде работат вработените - туку за тоа како се завршува работата и како лидерите можат да ги редизајнираат своите организации за долгорочен успех.
Од старт да расчистиме едно - хибридната работа не е само тренд, таа е трансформација. Според студијата на Галуп од 2023 година, 53% од работниците во САД очекуваат хибридната работа да биде норма што ќе ги движи работите напред. Пандемијата ја забрза оваа промена, но реалноста е дека флексибилните работни средини одамна доаѓаат. Работата од далечина отвора пристап до глобалните базени на таленти и го зголемува задоволството на вработените. Но, вистинскиот предизвик е одржувањето на оперативната извонредност и корпоративното управување кога вашиот тим се наоѓа раширен во различни градови, држави, па дури и континенти.
Компаниите кои успеваат во оваа нова ера не се оние кои само го прифаќаат моделот на работа од далечина - тое се оние кои го преиспитуваат организациското лидерство од темел. Традиционалните хиерархии се распаѓаат кога работната сила се распределува, а тоа бара целосно нов пристап на функционирање на извршното раководство што ја нагласува довербата, иновациите и поддршката на вработените.
Лидерството во хибридниот свет не се состои само од Zoom состаноци и флексибилни работни часови. Потребна е промена во начинот на размислување. Лидерите мора да одат подалеку од застарените метрики на успех, како што е времето поминато во канцеларија и да се фокусираат на крајниот исход - резултати што го поттикнуваат растот на бизнисот и профитабилноста. Всушност, компаниите кои дозволуваат работа на далечина пријавиле зголемување на продуктивноста за 25% според студијата на Стенфорд.
Оттука, главното прашање за раководните тимови не е „Како да ги следиме нашите вработени? туку "Како да ги зајакнеме?" Лидерскиот стил кој ги става луѓето на прво место е клучен. Ангажманот на вработените е директно поврзан со одговорноста за добивка и загуба (P&L). Кога вработените имаат флексибилност да ги балансираат личните и професионалните барања, нивната продуктивност и лојалност се подобруваат. Ова пак, носи подобри деловни резултати.
Хибридниот работен модел, исто така, ја смени перцепцијата за регрутирањето воопшто. Компаниите повеќе не се ограничени на локален пул на таленти, што значи дека HR тимовите може да ги таргетираат најдобрите кандидати насекаде во светот. Но не се работи само за привлекување таленти - туку за нивното задржување. Вработените сега очекуваат работно место кое нуди не само конкурентна плата, туку и флексибилност во работата, кариерен развој и јасна цел.
Според LinkedIn, флексибилноста е број еден причина поради која вработените остануваат на работа на денешниот пазар. Организациите кои размислуваат напред, ја користат хибридната работа како алатка за регрутирање, нагласувајќи ја автономијата и рамнотежата што таа ја обезбедува за да ги задржат врвните таленти.
Реалноста е дека хибридната работа е полна со предизвици. Одржувањето на силна компаниска култура кога вработените ретко се среќаваат лично, е навистина тешко. Исто така, потребен е и дополнителен напор, за да направите сите да бидат усогласени со стратешката визија и глобалната стратегија на компанијата. Но, тука има една важна работата: компаниите кои сега ќе го сфатат ова ќе напредуваат на долг рок и ќе имаат конкурентна предност - не само во привлекувањето таленти, туку и во создавање поуспешен и профитабилен бизнис.
Хибридната револуција е тука да остане. Тоа не е само привремена фаза предизвикана од глобална пандемија; тоа е фундаментална промена во начинот на кој е структурирана работата, како функционираат тимовите и како растат компаниите. Лидерите кои се држат до традиционалните модели на работа ризикуваат да останат зад конкуренцијата. Но, оние кои го прифаќаат целосниот потенцијал на хибридната работа - преку зајакнување на вработените, поттикнување иновации и размислување на глобално ниво - ќе се најдат во првите редови на оваа нова ера.
Иднината на работата не е само локацијата; тука станува збор за создавање работни места кои се флексибилни, фокусирани на човекот и дизајнирани за долгорочен успех. Дали сте подготвени?
Неда Косотовска
соработник на Тривити